Александар Саров - Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање | Brainster

Александар Саров – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање

Запознајте го Александар Саров – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец октомври 2021.

 

Име и презиме: Александар Саров

По професија: Инженер – технолог

Академија: Академија за Front-Еnd програмирање

Зошто баш Front-Еnd програмирање: Поради можноста една идеја креирана во вид на слика или дизајн да биде развиена во веб апликација.

Што те мотивира постојано да учиш: Мојот стремеж е промените да имаат свое место во животот, па затоа и се решив да изучувам област којашто од ден во ден се менува и еволуира и го стимулира човекот постојано да ги надградува своите вештини. Сакам да сум дел од тој процес и да работам на својата професионална надградба прифаќајќи ги новитетите во секојдневното функционирање.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Креативен пристап во планирањето и изведбата на еден проект, решавањето на проблемите и целиот процес на развој од идеја до конечно решение.

Омилен модул: Сѐ што е поврзано со програмскиот јазик ЈavaScript, поради тоа што е интуитивен и овозможува пишување на разбирлив код, што е особено значајно за некој којшто започнува со кариера во програмирањето.

Инструктор што ти остави најголем впечаток: Ристе и Кико и начинот на којшто го пренесуваат своето знаење и воопшто менторирањето на целата група и секако Алекс, Благица и Симеон кои несебично споделуваат совети кога работиме на предизвиците и менторските задачи.

За 5 години сакам да бидам: Front-end програмер со богато искуство во тоа што го работи, способен да креира и да ги реализира своите идеи и го споделува своето знаење и искуство со други програмери.

Хоби: Музика, Филм, Спорт.

Омилена книга: Сите мои синови од Артур Милер

Омилен цитат: “It is never too late to be what you might have been.“

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!