Дени Трајков – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање

Запознај го Дени Трајков – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец мај 2023.

 

Име и презиме: Дени Трајков

По професија: Магистер по дипломатија и меѓународни односи.

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш оваа област: Отсекогаш сум имал желба за програмирање. Програмирањето е динамична и креативна работа којашто нема граници.

Што те мотивира постојано да учиш: Решавањето на проблеми! Секоја решена задача е мотив плус да научиш нешто ново и да не се откажуваш. Програмирањето ме исполнува!

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Како функционира една веб-страница, како од нула да изградиш интерактивна веб-страница и нејзиното работење во позадина! Како да се направи апликацијата да биде респонзивна за повеќе уреди!

Омилен модул и зошто: Дефинитивно REACT. Нешто кое е многу динамично и ја олеснува работата низ целиот процес на програмирање и е баш предизвикувачки!

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Морам да ги пофалам сите бидејќи сите беа максимално посветени и имаат големо искуство и знаење. Најпрво Благица која нè воведе во програмирањето со HTML и CSS. Со неа имавме одлично искуство. Потоа Ристе кој почна да ни предава JavaScript и React кој нè внесе во интерактивниот дел на програмирањето и несебично ни објаснуваше за секое прашање и е одличен инструктор од кој може да се научи многу. На крај ќе го пофалам Огнен кој беше задолжен за нашите работилници кој секогаш ни го задржуваше вниманието и одговараше на нашите прашања и секогаш од него учевме нешто ново!

За 5 години сакам да бидам: Хммм. За 5 години се гледам како успешен Front-end Developer, се надевам и успешен претприемач во IT индустријата!

Хоби: Играње кошарка, гледање филмови.

Омилена книга: The Monk Who Sold His Ferrari – Robin Sharma

Омилен цитат: “Change is hard at first, messy in the middle and gorgeous at the end.”

 

Уписите за следната група на Академијата за Front End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!

Аплицирањето за ваучер заврши!