Запознајте го Тодор Ристов – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец јануари 2022.

 

Име и презиме: Тодор Ристов

По професија: Специјалист по инвестиции

Академија: Академија за Front-End програмирање

Зошто баш Front-End програмирање: Front end development е одличен прв чекор за да навлезам во областа на Web development, но, и оттука произлегуваат многу можности за унапредување (како на пример: Back-end, анимации, UX/UI). Почнав со Front-End зошто ми дава можност да ги поврзам мојата аналитичка страна со креативната.

Што те мотивира постојано да учиш: Многу интересно прашање. Јас верувам дека учењето никогаш не престанува, туку колку стануваме посвесни за работите околу нас и развојот на нови технологии, толку ни станува јасно дека всушност не знаеме ништо. Така што, секоја нова едукација ми дава до знаење за тоа колку повеќе нови вештини можам да совладам и секако ме прави љубопитен да истражувам.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Секоја пофалба за техничкиот дел од програмата каде ги совладувам сите вештини потребни за еден Front End Developer. Најголемата лекција која ја научив на Академијата е како да работам во тим со различни специјалности и пред-познавања и да можам јасно да комуницирам со членовите од мојот тим кои се на различни физички локации.

Омилен модул и зошто: Најинтересен модул ми е JavaScript зошто му дава живот на самиот Website. JavaScript е доста флексибилен и применлив во многу области, и изучувајќи го истот добив “aha moment“ за како всушност функционираат денешните веб-страници.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Ова е можеби најтешкото прашање досега зошто секој од инструкторите ни дава различен пристап на проблемите што ја прави Академијата доста вредна за мојот професионален развој. Така што не би сакал да издвојам ниту еден од инструкторите, туку би им се заблагодарил на сите за нивната посветеност и желба да ни го пренесат нивното знаење. Фала ви Благица, Кристијан, Ивица, Ристе!

За 5 години сакам да бидам: Во иднина би сакал да можам да спојам талентиран кадар со предизвикувачки проекти каде секој би можел да го даде својот личен печат.

Хоби: Интересен факт е дека Front-end програмирањето ми стана хоби, но покрај тоа, обожавам велосипедизам и да бидам во контакт со природата.

Омилена книга: Во принцип не сум некој голем обожавател на пишани медиуми, но обожавам да учам од лични искуства преку audio-video медиуми. Така да омилени YouTube канали ми се: Vox, TED-Ed, The Prof G Show-Scott Galloway, neo и VICE.

Омилен цитат: „Take the risk or lose the chance!“

 

Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!