Даниела Дамјаноска – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање

Запознајте ја Даниела Дамјаноска – Dream Team студент на Академијата за Front-End програмирање за месец ноември 2021.
Име и презиме: Даниела Дамјаноска
По професија: Економист
Академија: Академија за Front-Еnd програмирање
Зошто баш Front-End: Бидејќи нуди можност за креативно размислување и изразување на една замисла во краен продукт кој треба да ги задоволи поставените цели и барања.
Што те мотивира постојано да учиш: Мојата љубопитност и желбата за надградба на себеси, односно можноста за постојано учење на нови нешта, што впрочем претставува клучот за успех во денешното современо дигитално време.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Git кој работи на „принцип на магија” и кој со само неколку команди овозможува нашиот код да биде достапен за колаборација и тимска работа.
Омилен модул: JavaScript затоа што нуди многу можности и различни пристапи за креирање на еден проект, а воедно сметам и дека претставува солидна основа за понатамошно надградување на моите програмерски вештини.
Инструктор што ти остави најголем впечаток: Од инструкторите кои работат со нашата група можам да кажам дека сум особено задоволна, и можам да упатам само пофални зборови за сите, за Кристијан, Ристе, Благица, Симеон и Алекс, за нивната максимална посветеност и начинот на кој го пренесуваат своето знаење од областа на front-end програмирањето, секогаш достапни за комуникација и било какви прашања, што е клучно за успешно совладување на материјата и стекнување на потребните вештини.
За 5 години сакам да бидам: Искусен програмер кој зад себе ќе има успешни проекти и кој заедно со своите колеги ќе може да се справи со сите предизвици кои ги носи динамиката во ИТ сферата.
Хоби: Планинарење
Омилен цитат: „What is often called exceptional ability is nothing more than persistent endeavor.”
Уписите за следната група на Академијата за Front-End програмирање се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!