Во почетокот на новата година, сакаме да ви ги споделиме најважните 6 моменти кои што се случија на нашата Академија за Програмирање во 2020:

 

  • Запишани се повеќе од 200 студенти

2020- најпредизвикувачката година до сега. Период кога се случија премногу промени во светот, а исто така и многу дигитални трансформации. На Академијата за програмирање пак, претходнава година се имаа запишано повеќе од 200 студенти и беа оформени 10 групи.

Студентите кои се одлучија за програмата Full-Stack програмирање беа поделени во 6 групи, додека студентите од Front-End програмирање беа поделени во 4 групи.

Оваа есен ја имавме и првата група од 4 месечната интензивна програма за Front-End програмирањеFront-End Bootcamp.

 

Како нова активност која што се воведе во програмата на оваа Академија во текот на 2020та се менторските сесии со мали групи на студенти. По успешната транзиција од класични предавања во виртуелна училница како резултат на почетокот на пандемијата, воочивме дека има простор за подобрување на искуството и успехот на студентите.

Предавањата на Академијата беа целосно онлајн, па покрај редовните часови и работилници, воведовме и менторски сесии на неделно ниво.

Овој концепт на учење резултираше како ултра успешен и ефективен за студентите. Тие поделени во мали групи од 5 студенти на неделно ниво имаат менторски сесии со инструкторите за да го утврдат и повторат материјалот што го изучиле претходната недела.

 

  • Се одржа првиот Demo Day

На Академијата за програмирање се одржа првиот Demo day кој исто така е воведен како редовна активност на крајот од секоја програма. Тоа е настан кој што има за цел да ги доближи најдобрите студенти до компании кои што имаат потреба од практиканти или вработувања на junior full stack или front end програмери. 

На настанот студентите презентираат еден од проектите кои ги изработуваат за време на Академијата и со тоа ги демонстрираат своите вештини и знаења.

 

Овој настан се одржа целосно онлајн и беше поделен на 2 викенди, како дополнителна активност веднаш по завршувањето на генерацијата студенти окт 2019 – окт 2020.

Двата тима од front-end и back-end програмери беа ултра посветени и ја искористија приликата да докажат и применат сѐ што научиле на Академијата.

Првиот викенд беше посветен на изработка на решение за корисничкиот панел на продуктот. Согласно со потребите за изработка на продуктот и условите на хакатонот, тим од 6 студенти-алумни од Академијата за Front-еnd напорно работеа 48 часа пред финалната презентација.

Вториот викенд беше со фокус на изработката на решение за Admin панелот и API на продуктот, за зачувување на податоци и сите потребни функционалности, па 5те студенти – алумни од Академијата за Full Stack кои го сочинуваа back-end тимот исто така имаа задача за 48 часа да го доразвијат решението.

 

  • Coding Summer Internship во Brainster

Во текот на летото, Brainster го имаше првиот тим на практиканти – програмери, студенти кои веднаш по завршувањето на Академијата продолжија да учат, да го применуваат она што го имаат научено и да се усовршуваат уште повеќе.

По завршувањето на 3 месечната пракса, четворица од седумте практиканти се вработија во Brainster и сега се дел од kick-ass tech тимот предводен од нашиот СТО и инструктор на Академијата – Ивица Пешовски.

 

Со помош на Learning & Hiring програмата, која што е дел од активностите на Академијата, голем дел од студентите ја направија посакуваната дигитална трансформација и успеаа да започнат со пракса и да се вработат во реномирани компании.

Соработката со партнерски компании  и поврзување со талентите е начин на кој што нашиот тим се грижи за студентите кои што постигнале особен успех на предавањата, хакатоните и проектите, да ја најдат посакуваната работа.

 

 

Доколку сакаш да си дел од Coding заедницата и заедно со нас да градиш нови успешни приказни во 2021, дознај повеќе за Академијата тука.

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.