Краток throwback пред да поминеме на темата на оваа сторија: Минатиот месец, студентите на Академијата за UX/UI дизајн поделени во 4 групи успешно го завршија својот прв хакатон. Тие се натпреваруваа меѓу себе и работеа напорно 48 часа на реален проект. Така, со работата под притисок во динамична средина, стекнаа едно незаборавно искуство. Задачата на студентите беше да изработат проект што подразбираше дизајнирање на „Маркетинг Мапа на Македонија“ веднаш по зададениот бриф од Learning партнерот.
Откако заврши хакатонот, комисијата го прогласи Тимот 2 за победник составен од Марија, Зорана, Анастасија и Драган, кои понатаму го продолжија процесот во периодот кој следуваше со цел да бидат во тек со развојот на продуктот. Ајде да видиме што подразбираше „развојот на продуктот“.
По завршувањето на овој, се организираше и Хакатон на Академијата за програмирање, кој што траеше два викенди, секој од нив вклучувајќи по 48 часа тимска работа.
Дознај повеќе за реалните проекти и дополнителните активности во рамки на програмата на Академијата за програмирање.
Хакатон на Академијата за Front-End програмирање
Првиот викенд (31ви октомври – 1ви ноември) беше посветен на изработка на решение за Front-End панелот на продуктот.
Согласно потребите за изработка на продуктот и условите на хакатонот, овој пат само еден тим од 6 студенти – алумни од Академијата за Front-End програмирање започна со активности уште во петокот (30ти окт.). Тие веќе се наши алумни бидејќи во текот на октомври 2020 г. успешно ја завршија нивната едногодишна програма. Првата активност беше брифирање на тимот за продуктот кој требаше да се изработи – UX тимот го презентираше победничкото решение од UX/UI хакатонот со цел да им помогне при дополнителен развој на продуктот. Потоа, клиентот им се објасни од каде доаѓа потребата за изработка на овој продукт и која е неговата цел. Со ова, Симон, Марија, Маријана, Мартин, Бојан, Тања и Кристијан беа подготвени и мотивирани за предизвикот кој следуваше.
Front-End Team: Тања Ивковиќ, Бојан Трајкоски, Кристијан Ивановски, Маријана Милковска, Марија Шукуроска, Симон Апостоловски и Мартин Зафиров
По зададениот бриф, во петокот вечерта започнаа со интензивна работа која траеше наредните 48 часа. Студентите работеа со полна пареа, постојано контактираа и правеа брејнсторминг сесии на zoom и меѓусебно си ги распоредија задачите и обврските. Тимот на UX/UI им помагаше на Front-End програмерите со нивната задача, одржувајќи состаноци и преглед во работата со цел да имаат увид дали решението е во согласност со тоа што тие го имаа замислено за продуктот. Хакатонот се одвиваше под менторство на двајца Front-End програмери, Ненад Тренчевски и Илина Илиевска. Ненад е воедно и инструктор на Академијата за Front-End програмирање, а Илина е ново засилување на нашиот Dev Team. Тие им беа постојано на располагање на алумните за консултации и совети за да можат успешно да го завршат предизвикот, а во рамки на агендата на хакатонот одржаа и две менторски сесии со тимот.
Илина Илиевска и Ненад Тренчевски
Откако завршија 48те часа кои што беа наменети за да се дојде до финалното решение, Front-End тимот го презентираше истото пред комисијата составена од клиентот и менторите. По добиениот позитивен фидбек и одобрување од страна на клиентот и со успешното завршувањето на овој хакатон, продуктот се префрли во рацете на Back-End програмерите.
Хакатон на Академијата за Full Stack програмирање
Вториот викенд беше посветен на изработка на решение за Admin панелот и API на продуктот, за зачувување на податоци и за сите потребни функционалности. За оваа цел, во приказната и предизвикот се вклучи и Back-End тим од 5 студенти – алумни од Академијата за Full Stack програмирање – Александар, Марија, Игор, Кире и Никола.
Back-End Team: Никола Ризовски, Марија Димеска, Игор Јордановски, Александар Атанасов и Кире Гешоски
Хакатонот беше закажан за 14ти и 15ти ноември, но како и претходниот хакатон и овој започна уште во петокот, 13ти ное.
Прва активност на агенда беше брифинг од нашиот СТО, Ивица Пешовски, а потоа и координативен состанок со Front-End тимот за да овозможат успешно склопување на целосно функционален продукт. Потоа, започна 48 часовната тимска работа онлајн. За полесно соочување со предизвикот што го поставивме пред нив, покрај Ивица, имаа на располагање и двајца ментори – Full Stack програмери – Анастасија и Стефан, за да добијат насоки како да го финализираат продуктот успешно. Анастасија е наш инструктор на Академијата за Full Stack програмирање, а Стефан е новото засилување на Dev тимот на Brainster.
Ивица Пешовски, Анастасија Давиткова, Стефан Цеков
Тоа што тие успејаа да го изработат во рокот на тие 48 часа го склопија во една презентација каде што го опфатија целиот процес на нивната работа и го испрезентираа продуктот пред менторите и клиентот.
Што следува по Хакатоните?
Финална проверка на целиот продукт е она што ни останува по изработката на решение што е добиено со резултат на напорната работа на сите учесници на трите хакатони од Академијата за UX/UI дизајн, Академијата за Frond-End програмирање и Академијата за Full Stack програмирање. Потоа – лансираме и го откриваме продуктот! Stay tuned!