Што се случуваше овој месец во тимот на Brainster

Здраво! Јас сум Александра Јанакиевска, Маркетинг Директор на Brainster. Најверојатно ме знаете од моите предавања на Академијата за маркетинг, или од моите текстови на блог за луѓето од Brainster и сѐ што е digital. Решив еднаш месечно да ги споделувам новостите од нашиот тим because sharing is caring!

Во моментов во Brainster работат 11 луѓе кои се водени од вредноста која ја даваме на нашите студенти и партнери. Мотото ни е Execute, Execute, Execute! Ова се нашите highlights за месец мај:

Ангела се приклучи на нашиот тим

Имаме нова колешка! Ангела е дипломирана на Академијата за програмирање на Brainster и во моментов работи како Full-Stack Web Developer на нашите нови големи проекти за кои ќе слушнеш наскоро. Welcome, we sure will make some rockets together! 🙂

Книги

Нешто како радоста на дете за доаѓањето на Дедо Мраз, така и ние со книгите. Донесовме колективна одлука дека ќе читаме по минимум една книга неделно. Ова е последната тура која ни пристигна, и ги препорачуваме на сите go-getters кои сакаат да создадат успешни и легендарни бизниси.

Бевме на Крик

Калкулатор за пресметка на трошоци за градење на апликација

Ако од секогаш се прашуваш колку ќе те чини Android, iOS или Web апликација, сега можеш лесно да пресметаш. Со едноставна навигација, одбери преференци за твојот следен бизнис, и ќе добиеш приближна пресметка за неколку секунди. Калкулаторот го изградивме за 2 дена заедно со учесниците на Академијата за маркетинг. Да зборуваме за ефиксност! 🙂

Петар зборуваше на Engage

Engage е конференција за друштвен активизам организирана од МОФ и Радио МОФ, а ова беше нејзиното 7мо издание. Едукацијата е првиот чекор за посилно општество, а Brainster е училиштето од иднината. Ви благодариме за поканата, конференцијата беше одлична.

Нови инструктори

Покрај постојаните членови на нашиот тим, бројката на инструктори постојано се зголемува. Во моментов, на сите курсеви и Академии предаваат 40+ професионалци. Овој месец, Дино Хоџиќ и Ана Трпеска го одржаа својот прв час а Кирил Ѓоргов е следен со курсот за Adobe Photoshop. Welcome aboard!

Квиз: Колку те бива за Social Media Marketing

Квизот е изработен од учесниците на Академијата за дигитален маркетинг на Brainster. Ако секој ден го поминуваш во виртуелниот свет, време е да провериш дали те бива за маркетинг.

 

Се гледаме (читаме) следниот месец. Поздрав!

 

PS: Имаш прашања за нашата работа или предлог за партнерство на проект? Контактирај ме на [email protected] и ќе ми биде задоволство да се запознаеме.

Related Stories For You