Веќе секој мал или голем бизнис е преместен онлајн.

Но, вистината е дека треба да се работи на правилно водење на најпопуларните социјални мрежи, затоа што таму се наоѓа поголем дел од потенцијалната публика. Дино Хоџиќ – инструктор на Курсот за Facebook и Instagram рекламирање ќе не води низ процесот на креирање на една успешна online кампања од почеток до крај!

Дино, ова е твојот прв курс во Brainster. Што правиш кога не работиш на кампањи?

Кога не работам на кампањи, најчесто работам на некој од блоговите или пак читам case-studies за кампањи, authority sites и Instagram профили како и нивното растење. А ако не работам, пробувам да не поминувам време пред екран и да бидам повеќе физички активен.  Crossfit-от во последно време ми го привлече и задржи вниманието а истовремено се подготвувам и за полумаратон.

Со какво знаење ќе излезат учесниците од курсот за Facebook и Instagam рекламирање?

Тоа што сакам да го пренесам на учесниците е да им помогнам да ги разберат основите на Facebook рекламите и да лансираат кампања од почеток до крај. Ќе се запознаат со Instagram и придобивките кои ги нуди оваа социјална мрежа.

Речиси секој бизнис веќе се маркетира платено преку овие два канали. Зошто е битно да се мерат резултатите од секоја кампања? Која е вредноста што paid маркетингот ја носи?

Во светот на маркетингот, мерење на резултатите е еден од најважните елементи – тоа е една голема предност што social media advertising-ot ја има над класичните платформи за рекламирање како TВ, радио, билборди и сл. Со тоа што ги анализираме резултатите, знаеме кои типови на реклами работат, на која локација се ставени, кој период од денот добиваат најмногу кликови. Секој параметар што се мери придонесува за успешноста на рекламите. А за платеното рекламирање, најголема придобивка е што рекламата допира до голем број на луѓе што значи дека го добиваме вниманието што го бараме со рекламата и за многу кратко време ќе добиеме информации кои што можеме да ги анализираме и искористиме. Тие ќе придонесат за да ја направиме кампањата попрецизна.

Дали е потребно претходно предзнаење од областа и за кого е наменет овој курс?

Не е потребно никакво познавање на online маркетингот, ќе започнеме од најосновните работи. Курсот е наменет за секој што сака да се запознае и да го надмине предизвикот наречен online маркетинг, без разлика дали е сопственик на бизнис, маркетер кој сака да навлезе во online маркетинг светот, или пак некој што сака да работи на водење online кампањи. Буквално за секој. 🙂