Brainster билтен: Новости од заедницата / Април 2021

Проекти, проекти, проекти.
Вработувања, вработувања, вработувања.
Во изминатите 6 години главната преокупација на тимот беше да ја најдеме формулата за успех во кариерата. Неколку концепти подоцна, формулата е: Темелно учење + брзина. Тоа е патот кој треба да се изоди за нова работа, унапредување, основање на свој бизнис или започнување на фриленс кариера. Темелно затоа што тие индивидуалци се издвојуваат на пазарот на труд, и брзо затоа што светот брзо се менува.
Новостите за овој месец се вртат околу проектите кои ги изработија нашите студенти, и вработувањата со кои беа наградени.
Проект CV Checklist
Со цел да го доближиме искуството на студентите до реалното искуство во работна средина, го организиравме и вториот Хакатон на Академијата за Software Testing. Овој месец нашите студенти – софтвер тестери имаа можност да бидат дел од едно интересно искуство кое беше од огромно значење за подобрување на нивните вештини и им покажа како е да работат тимски, под притисок, натпреварувајќи се помеѓу себе.
На овој Хакатон учествуваа вкупно 14 учесници кои беа поделени во 7 пара. Паровите беа мешовито составени од две различни групи на Академијата за Software Testing. Процесот на тестирање беше на ист принцип како и на Првиот хакатон на оваа Академија. Започна со брифинг сесија, па следуваа менторски сесии, за на крајот да се дојде до финалните презентации.
Проектот којшто се работеше на овој Хакатон е CV Checklist – веб решение преку коешто корисникот може да креира свое CV. Прочитај повеќе.
Проект OurMind
На Академијата за дигитален маркетинг и Академијата за графички дизајн, студентите континуирано работат на реални проекти за реални клиенти кои стануваат дел од нивното портфолио. На овој начин, не само што тие учат како е да се работи во вистинска средина и да се добие вистинско искуство, туку имаат и можност да го покажат целокупното знаење и да ги надградат своите вештини.
Последниов проект на кој тие работеа беше од огромна важност за нив како идни генерации на успешни маркетери и дизајнери бидејќи ги сплоти нивните знаења и сили, градејќи продукт кој беше спроведен и лансиран по еден месец работа. Прочитај повеќе.
Проект Шум
Минатиот месец започна „Најголемиот Хакатон досега организиран од Brainster“ на Академијата за графички дизајн, каде што студентите беа задолжени да го направат целиот бренд идентитет, името и логото на проектот, па потоа продолжи на Академијата за UX/UI дизајн и задачата на студентите беше да се погрижат за функционалноста на продуктот, изгледот на веб апликацијата и сите wireframes.
Откако заврши оваа Cross-Academy соработка, со цел да се подобри искуството на студентите, овој Хакатон продолжи на Академијата за програмирање, каде студентите имаа задача да се погрижат за дополнителниот развој на продуктот и неговото усовршување. Односно, веб решение на идејата која започна пред два Хакатони.
Проектот на којшто се работеше е платформата “White Noise Player – Shum”. Ова е платформа каде што секој ќе има можност бесплатно да се вклучи и да си пушти одредена мелодија додека работи. Прочитај повеќе.
Проект визуелен идентитет за VA Engineering
Овој пат студентите на Академијата за графички дизајн го изработија визуелниот идентитет на компанијата VA Engineering – која делува на глобално ниво со главен фокус на земјите во Европа.
Студентите за изработка на овој проект имаа задача да ја одберат типографијата, колор палетата и да дизајнираат лого кое најдобро ќе ја претстави компанијата. Под менторство на инструкторот од нашата Академија за графички дизајн – Александар Нофитоски, на модулот „Лого и визуелен идентитет“, студентите работеа напорно и вложија многу труд за да го направат брендингот на оваа компанија.
Откако ги изработија своите проекти, ги претставија своите финални решенија во една завршна презентација и ги презентираа пред клиентот. Клиентот имаше задача да даде насоки за подобрување и да го одбере најдоброто решение кое ќе го имплементира во своето работење. Победничкото решение кое беше одбрано од страна на клиентот е изработено од страна на Петар Нича. Прочитај повеќе.
Проект лого и дизајн на пакување за WICE
Овој пат, студентите – графички дизајнери беа поделени во 4 тима и имаа задача да креираат лого и дизајн на пакување за сладолед со вино – WICE за клиентот Матриошка, кој ќе се пласира на пазарот во Англија и Македонија.
Процесот започна со брифот од клиентот и спецификациите коишто требаше да ги исполни дизајнот. На ова, студентите работеа две недели во кои имаа менторски сесии и консултации каде што им беа на располагање за совет и насоки, инструкторите Александар Нофитовски и Дијана Димитриевска. Потоа, студентите имаа финална презентација пред клиентот, нашиот Learning партнер, каде што требаше да ги претстават своите финални решенија за продуктот, почитувајќи ги барањата од брифот. По финалните презентации, студентите имаа време уште две недели да го доработат решението и дополнително да го подготват целиот дизајн за печатење. Прочитај повеќе.
Проект Маркетинг Мапа на Македонија
Студентите од Академијата за UX/UI дизајн и Академијата за Програмирање, учествуваа на Хакатон преку кој ги сплотија своите знаења и сили и храбро одговорија на предизвикот пред клиентот, градејќи еден иновативен проект.
Проектот којшто тие имаа задача да го дизајнираат и кодираат беше: Маркетинг Мапа на Brainster. Овој продукт претставува Co-innovation проект, бесплатна алатка за користење која ги поврзува маркетинг професионалците кои бараат работа со маркетинг агенциите. Прочитај повеќе.
Одбрани студентски портфолија од Академијата за UX/UI Design
Студентите од првата група на Академијата за UX/UI дизајн стигнаа на крајот од нивното патување. Со цел да ја комплетираат програмата на оваа Академија, тие имаа задача да креираат финални презентации за своите портфолија, да ги презентираат пред тим од ментори и да бидат оценети врз база на неколку критериуми.
Во портфолијата се сместени сите реални проекти на коишто работеа студентите за време на предавањата за нашите learning партнери. А преку нив, тие имаат можност да ги претстават своите способности пред компаниите – партнери за вработување. Погледни ги портфолијата на Петар, Ива, Марија и Анастасија.
Вработувања
The highest reward for a person’s toil is not what they get for it, but what they become by it. – John Ruskin
Честитки за дел од новите вработени студенти кои ги остварија своите кариерни цели: Александар, Дијана, Христијан, Кире, Александар и Дијана. Се гордееме со вас!
Last but not least,
Збор од нашиот Technology Lead во Brainster
Ивица Пешовски е СТО во Brainster, инструктор на Академијата за програмирање, а воедно и столбот на tech тимот кој работи со полна пареа на софтверски решенија кои имаат за цел да го олеснат совладувањето дигитални вештини и да воведат една нова димензија во комплетниот образовен процес. Во слободно време се надградува себеси и учи нови вештини, прави сопствено пиво и медовина, планинари и вози мотор. Но, неговата најголема пасија е софтверското инженерство. Затоа, овој пат си поразговаравме со Ивица на тема програмирање и промена на трендовите во светот на ИТ технологијата. Прочитајте што CTO-то на Brainster има да каже за светот на програмирањето.