Дизајнирањето никогаш не е монотоно

Христијан Величковски е студент на нашата Академија за графички дизајн, кој се вработи во компанијата “Trend Corporate” после само неколку месеци од почетокот на предавањата.
Во продолжение ќе дознаете што ни кажа тој за неговото работно место и ќе имате можност да видите неколку од неговите дизаjни
Здраво Христијан, за почеток, раскажи ни нешто повеќе за себе.
Здраво на сите, ја сум Христијан! Живеам во Куманово, имам 20 години и завршив средно гимназиско образование. Мојата љубов кон дизајнот се роди уште кога го купив својот прв компјутер, своето првично знаење во оваа поле го стекнав од љубопитност. Поточно, гледајќи фото манипулации кои беа направени од истакнати балкански дизајнери (случајно имав некои како пријатели на Facebook) кои добиваа голема поддршка и пофалби, па се запрашав како се направени? Сакав и јас да знам да направам! 😊 Ова беше моментот кога почнав да го истражувам фасцинантниот и воедно огромен свет на графичкиот дизајн.
На што се должеше твојот избор да се запишеш на Академијата за графички дизајн? Што те натера да ја избереш токму оваа дисциплина?
Кратко и јасно – надградување и усовршување на моите познавања во графичкиот дизајн. На почеток имав трошка скептичност во врска со ваквиот тип на едукација (лоши лични искуства со други различни курсеви од минатото), но сега можам со огромна сигурност да кажам дека оваа Академија е ЗАКОН. Инструкторите се неверојатно добри, предаваат со огромна посветеност и ни даваат темелен одговор на секое наше прашање. Материјалот опфаќа сѐ што му треба на еден современ дизајнер по завршувањето на истиот да биде спремен за влез во индустријата.
Честитки за твоето вработување, раскажи ни нешто повеќе за твоето ново работно место. Каков беше процесот за да стигнеш до тука, а сѐ уште си наш студент?
Своето место како графички дизајнер го пронајдов во странската фирма “Trend Corporate”. Фирмата се занимава со производство на рекламни и промотивни производи (custom merchandise). Беџови, вратоврски, шалови, марами, топчиња за голф, привезци, униформи… – сѐ што може да биде искористено како рекламен или промотивен материјал, ние го нудиме.
Фирмата соработува со поголеми клиенти како што се: Space Foundation, Home Hardware, United Nations и др. Процесот е делот во којшто треба да уживаме и да бидеме задоволни што сме дел од него, секој што го изучува она што навистина сака да го работи понатаму во животот ќе се согласи со мене.
Како изгледа еден работен ден на графички дизајнер? Кои се твоите обврски и кои алатки ги користиш?
Работниот ден како и кај 99% од графичките дизајнери започнува со пиење јако кафе. Мојата обрска е на клиентите да им сервирам дизајни во кои ќе се пронајдат и ќе бидат горди да ги прикажат на својата публика. Често има векторизирање/прецртување на логоа/дизајни со лош квалитет. За потребите на ова работно место најчесто го користам Illustrator, но за некои задачи е потребен и Photoshop.
Со оглед на тоа што си уште студент на оваа Академија, како си поминуваш на предавањата? Во кој дел од дизајнот се пронаоѓаш себеси?
Понекогаш знае да биде доста напорно. Но, ништо добро не произлегува додека сме во комфорт зоната. Мислам дека 7 месеци се незначајно мал временски период од животот – а само толку е доволно да се едуцирате и изградите во полето на вашата професија и да бидете спремни да започнете или напредувате во оваа индустрија. Во минатото, работите што ги имам работено брзо ми здосадувале, па поради тоа можам да кажам дека омилениот дел од дизајнирањето ми е што секој ден е поразличен од претходниот. Никогаш не е монотоно. Тоа придонесува да останам фокусиран и исполнет додека работам и студирам на Академијата за графички дизајн. Исто така, чувството кое произлегува после добро сработена задача и среќен задоволен клиент е незаменливо!
Која е твојата порака до оние коишто сакаат да бидат идните генерации на графички дизајнери?
Без оглед на тоа која е вашата мотивација и причина да станете идни графички дизајнери, сакам да знаете:
Живееме во време кога сликите се најважна и најмоќна форма на комуникација. Сѐ повеќе се користат симболи и слики наместо зборови. Графичкиот дизајн е насекаде околу нас – once you see it you can’t unsee it. 😊 Без разлика во која индустрија се наоѓате, и најмалото знаење на графички дизајн ќе ви отвори нови погледи и поголеми шанси за успех во истата. Останете мотивирани и посветени.
На Академијата за графички дизајн учиме преку работа на реални проекти за реални клиенти под менторство на докажани и искусни инструктори.
Останаа уште неколку слободни места во последната група од овој уписен рок.