„Маркетиг алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
За нас маркетиерите и блогерите постојаното снабдувањето со нови содржини знае да биде и тешка задача. Инспиративните моменти скоро секогаш доаѓаат во погрешен миг и доколку не ги запишеме некаде знаат да иcчезнат и да не се вратат баш тогаш кога ни требаат.
Feedly e алатка која ќе ви помогне да ги организирате вашите идеи и во секој момент да бидете снабдени со интересни информации. Feedly претставува ваш личен newsfeed каде можете да пребарувате и зачувувате соджини на различни теми.
Оваа компанија со седиште во Сан Франциско и само 10тина вработени е одлична замена за Google Reader. Можете да ја користите од вашиот десктоп, од вашиот пребарувач или од вашиот мобилен телефон.
Можеби ќе ве интересира:
- UpDesk – работна маса од иднината – Производ на денот #16
- За полесно донесување на одлуки – стартап алатка #17
- Младите, едукацијата и невработеноста – класична лекција за Македонија директно од Африка!
Едноставно креирајте профил и впуштете се во пронаоѓање и читање одлични содржини.
Feedly ќе ви дадеде одлична можност да ги сортирате содржините по категории и тагови па дури и да ги споделите содржините кои ги читате со вашите колеги, пријатели или следбеници преку опцијата Feedly Pro која ќе ве чини само $5.42 месечно. Постои и Feedly Team верзија која е наменета за сите оние кои сакат да работат во тим и ќе ве чини $12.08 месечно.
Што велите, ви се чини ли интересно?
Среќно,
Brainster заедницата
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука