„Стартап алатки“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.
Да бидеме реални: Сите што кажале дека е лесно да се менаџира стартап бизнис, очигледно никогаш не ни имале, ниту биле дел од еден, ниту пак менаџирале еден! Не сите информации што ни се потребни секогаш, можеме да ги обезбедиме преку комуникација со клиентите. Затоа и впрочем користиме различни алатки кои ни обезбедуваат информации од најразлични изводи (канали). Но тоа значи и дополнително потрошено време и работа затоа што повеќето од тие информации не се достапни на едно место.
Податоците се важни до тој степен да тие претставуваат крвоток на компаниите кои сакаат да опстанат на пазарот и буквално се неразделив и интегрален дел од нив. Денес сме во можност да ги интегрираме сите алатки на едно место, на една платформа, со цел да можат сопствениците на бизнисите да имаат поефикасна контрола на податоците поврзани со бизнисот. На тој начин, менаџирањето на податоците никогаш не било поуредно.
Neatly претставува платформа за бизнис податоци која врши интегрирање на различни извори на информации на еден или повеќе табли (dashboards) и притоа ви овозможува да останете во контрола над истите. Целта на оваа платформа е да ги охрабри малите бизниси да донесуваат ефективни и уредни одлуки поткрепени со податоци.
Популарни курсеви:
- „Фото Старт: Почетен курс по професионална фотографија”
- „Како да креирате CV кое ќе ве вработи“
- „Storytelling: Како да пишувате за странски медиум“
Зошто имате потреба од ваква алатка?
Neatly ви овозможува да ги имате сите информации (податоци) на едно место – без разлика дали станува збор за аналитика од социјалните медиуми, Google Analytics, пазарни извештаи и извештаи за продажба, однесување на клиенти или било кој друг извор на податоци поврзани со вашиот бизнис. Ова ќе ви овозможи побрзо и поедноставно да добиете реална податочна претстава за вашиот бизнис(и), гледано од перспетива на пазарот и вашите клиенти и сето тоа со едно логирање.
Имањето на една ваква алатка е непроценливо за било кој бизнис кој сака да функционира долгорочно и да биде во чекор со окружувањето. Замислете да ги имате сите информации на едно место денес. Колку полезно ви би било да го менаџирате вашиот бизнис. Ќе можете да донесете подобри одлуки од било која област на бизнисот – подобро разбирање на аналитиката на бизнисот, подобро функционирање на тимовите, анализа и минимизирање на оперативниот ризик и што ли уште не. Вашите вработени ќе бидат во можност да бидат во линија со потребите на бизнисот затоа што целокупните информации ќе ги добиваат во реално време. Ова ќе ви овозможи многу комуницирање во рамките на компанијата и секако заштеда на време и ресурси кои претходно биле потребни за оваа активност.
Можеби ќе ве интересира:
- Rhei Clock: Времето тече во буквална смисла – Производ на денот #15
- Едноставна дизајнерска алатка за content маркетинг – маркетинг алатка #15
- Prezi – моќна алатка која ке ве претвори во одличен презентер – стартап алатка #15
Дали е Neatly за мене?
Доколку сте стартап бизнис или компанија која бара начин како да дојде до подобар менаџмент на повеќе податоци од различни извори и притоа да им овозможи на луѓето кои учестуваат во процесот на донесување на одлуки навремени и прави информации – тогаш Neatly е дефинитивно за вас. Се што треба да направите е да се зачлените БЕСПЛАТНО.
Земете контрола над вашите бизнис податоци и почнете да донесувате подобри одлуки денес!
Сакате да добивате известувања за бесплатните курсеви: Регистрирајте се тука
Среќно,
Brainster заедницата