Пред нас е највозбудливата есен до сега, со над 800 нови студенти кои тргнуваат во потрага по нова кариера со помош на 6-те наставни области кои Brainster ги нуди.
Огромниот интерес за Академиите на Brainster продолжува и овој уписен рок. Иако навикнавме на зголемување на бројот на групи секој нов циклус, овој пат бројката е навистина голема. Дури 800 нови студенти започнуваат на нашите програми, со цел да дојдат до нова кариера во IT и дигиталните вештини.
Со големите бројки доаѓа и голема одговорност, а нашето навремено вложување во искуството на студентите се покажа како одлична одлука, па така со тим од 140 инструктори и 20 членови на тимот директно задолжени за организација на наставата и успех на студентите, сосема подготвени ја пречекуваме оваа нова генерација студенти, најбројна до сега.
Но, за ова малку подолу во текстот, откако ќе споделиме повеќе информции за она што сигурно те интересира – кои програми ги избираат младите луѓе кои се во потрага по нова кариера.
Академија за Data Science
Ќе започнеме со најкомплексната програма, резервирана за најупорните, највредните и најталентираните – Академијата за Data Science. Пред малку повеќе од 1 година, меѓу 200 заинтересирани кандидати, ги избравме 18-те најодлучни и најподготвени, цврсто решени да „жртвуваат“ цела година од својот живот и комплетно да ја посветат на изучување на оваа комплексна област. Кога велиме комплетно, мислиме на цели 30 часа неделно, цела година.
Пред помалку од 1 месец, на завршните проекти, 18-мината „избрани“ не фасцинираа со она што го презентираа – 4 врвни проекти од областа на Data Science изработени од нив под менторство на одличниот тим инструктори на Академијата. Два од нив во делот на computer vision – компјутерско препознавање на лица со и без маски во живо, со утврдување на возраста, една во делот на NLP – четбот кој континуирано учи и се надградува и една во делот на предикциони модели за финансиски институции – платформа за проценка на успех при нудење одреден банкарски продукт наменета за оптимизација на продажните центри на банките.
Овие проекти наскоро ќе бидат презентирани на првиот Demo Day на Академијата за Data Science, а своето учество веќе го најавија најголемите домашни компании кои работат или планираат да започнат со градење тимови во делот на data science и machine learning.
Во тек се уште 2 групи на Академијата кои завршуваат наскоро, а оваа есен уште 50 нови студенти ќе се приклучат на оваа елитна заедница од која очекуваме да не стави на глобалната мапа како земја со надпросечно голем број таленти во data science.
Академија за дигитален маркетинг
Оваа Академија и дефинитивно се зацврсти како место бр.1 за учење маркетинг. Ова е заслуга на одличниот тим на инструктори предводен од Дарко Булдиоски, сочинет од најдокажаните маркетинг имиња кај нас како Љупка Наумовска, Ива Дујак, Ира Бабиќ, Марко Стојановиќ, Билјана Димовска, Никола Спасов, засилен со нашите Дарјан Раденковиќ, Стефан Смиљановски, Иван Ефремов, како и на агилната програма која се менува динамично согласно новите трендови во маркетингот.
Дополнително, нашата Learning Partners програма им овозможува на студентите во текот на Академијата постојано да работат на реални проекти и кампањи за реални компании од земјата и странство, стекнувајќи така драгоцено искуство кои многу им помага во утврдувањето на вештините и во процесот на вработување. Во моментов неколку тимови составени од актуелни студенти работат на проекти за странски брендови како Banerboo, Itzinya, Looksize, дел од останатите работат на маркетинг стратегии и кампањи за домашни брендови кај кои мошне често пресудна при изборот ни е социјалната компонента, па така наши редовни партнери се проекти како Лице в лице, Разговор.мк, Шепасти ентузијасти и многу други.
Големиот успех на оваа програма најдобро се гледа во процентот на успешни вработувања на студентите кои се во потрага по нова кариера, а кој веќе подолг период е над 60%, достигнувајќи и до 80% кај одредени генарации.
Оваа година на Академијата за дигитален маркетинг започнуваат 100 нови студенти, најмногу до сега. Уште 50 ќе ја посетуваат 4-месечната мини академија, а дополнителни 100 ќе ги следат специјализираните обуки за SEO, Facebook и Instagram рекламирање, Google Ads и други.
Академии за програмирање
За традиционално најпопуларните Академи за Front End и Full Stack и оваа есен се бара место повеќе. За прв пат оваа година ќе стартуваат 125 студенти поделени во 5 групи. Најголемиот дел од нив веќе почнаа да ја следат подготвителната програма на нашата нова платформа за учење, со цел максимално подготвени да ги дочекаат предизвиците на Академијата.
За неполн месец, започнуваат со динамичните 20-часовни недели исполнети со многу учење и куцање код. Во текот на Академијата ги очекуваат 3 големи реални проекти кои ќе бидат дел од нивното портфолио и ќе ни помогнат во заедничката потрага по работно место какво што посакуваат.
Дел од овие проекти ќе бидат доделени од страна на нашите Learning Partners, а дел ќе ги работиме за организации и каузи со цел да придонесеме за општо добро, како што тоа беше случај со апликацијата Комуницираме, комплетно изработена од нашите студенти во соработка со во соработка со државниот училиштен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“, наменета за помош при комуникација со знаковен јазик со лица со проблем со слухот и говорот. За оваа апликација Brainster ја доби националната награда за најдобра општествено одговорна практика во 2019.
Дополнително, на пократките програми и програмите за специјализација како React, Python for Machine Learning, IT Product Management ќе започнат уште 100 студенти.
Академија за дизајн
Започнавме срамежливо, со една група пред 2 години. Сега стартуваат четири групи со по 20 учесници. Посветеноста на големите мајстори на дизајнот кои го сочинуваат тимот на Академијата, на чело со Бане Кома, придружуван од Зоран Кардула, Диди Димитриевска, Јане Наумоски, Венчо Милошевски, Кире Ѓоргов, Александар Нофитовски, Иван Дургутовски, Клелија Живковиќ, несебично да ги запознаат студентите со сите тајни на дизајнот, и како занает и како уметност, придонесе Академијата за графички дизајн да стане една од најпопуларните кај нас.
Дополнително, постојаната работа на реални проекти, учеството на по неколку конкурси во текот на Академијата, работата за домашни и странски Learning Partners им помага на студентите, после 8 месеци напорна работа и сработен финален проект да бидат навистина подготвени да се фатат во костец со предизвиците што ги носи дизајн индустријата. Правевме логоа за Wizz Air маратонот, постери за МКЦ, комплетен брендинг за стартап компании, дизајни за налепници за decal.mk и еден куп други возбудливи работи.
Покрај 4-те групи на Академијата, на пократките програми и профрамите за специјализација како UX за графички дизајнери, Adobe Illustrator, Adobe Photoshop ќе стартуваат уште 80 студенти.
Академија за UX/UI
Најновата област во нашето портфолио е една од најатрактивните во моментов. Од моментот кога проценивме дека побарувачката на пазарот е на доволно високо ниво, ја активиравме веќе спремната програма и екипа. Првата група на Академијата за UX/UI веќе на големо работи на проектите кои ги обезбедивме за нив од нашите learning partners компании како Neocom, Startup Wiseguys, New Media.
Оваа есен започнуваме со 2 групи на Академијата со вкупно 46 учесници, а уште 40 ќе ги слушаат пократките програми – мини академијата и воведниот курс за UX/UI.
Глобалната побарувачка за оваа област, подготвеноста на тимот на инструктори и нашата верба во квалитетот на програмата не поттикнаа да ја понудиме оваа програма и надвор од Македонија, па така, таа е една од двете програми, заедно со Data Science која ја стартувавме во Виена.
Академија за Software testing
Академијата за software testing е место каде својата шанса за влез во IT инустријата ја бараат сите оние кои немаат претходно искуство или доаѓаат од сосема различен background како право, економија, стоматологија, филологија, па програмирањето малку ги плаши и би почнале со нешто помалку комплексно. Добар дел од нив се охрабрени од нивните партнери, роднини, пријатели кои самите се во IT индустријата, да започнат со software testing.
За оваа област креиравме програма која треба со вештините што ќе им ги обезбеди на студентите во целост да одговори на побарувачката на пазарот. За успешноста на програмата говори фактот што веќе ги имаме првите вработувања на студенти од Академијата, кои веќе по завршувањето на модулот за мануелно тестирање беа спремни да почнат да работат самостојно во тимовите кои им дадоа доверба, додека продолжуваат со учење на Академијата.
По почетните 2 групи, годинава ќе стартуваат уште 4 групи, со вкупно 92 учесници во потрага по влез во IT индустријата како тестери на софтвер.
Новитети во делот на студентското искуство
Како што веќе напоменавме, изминатиов период инвестиравме многу со цел да можеме комплетно да одговориме на зголемената побарувачка за нашите Академии. Посебно поради фактот што приоритет ни беше да овозможиме беспрекорен трансфер на наставата во виртуелна училница.
Првенствено, инвестиравме многу во постоечките капацитети. Ангажиравме нови, мошне искусни професори, експерти во својата област. Интересот на професионалците да се придружат на тимот на инструктори е речиси еднаков на интересот на студентите, па можеме да се пофалиме со многу нови познати имиња кои се приклучија на сите академии изминативе неколку месеци.
Истовремено голем број квалитетни млади луѓе му се придружија на нашиот тим full-time, со цел да работат на искуството на студентите на секоја од Академиите. Сега имаме цел student success тим кој број 10 луѓе и кои ќе се грижи за целокупниот развој на студентите, кариерно насочување и помош при вработување. На оваа бројка можеме да ги додадеме и асистентите на академиите кои се грижат исклучиво за наставниот дел од искуството.
Покрај ова, работевме доста и на унапредување на процесите и иновација во истите. Резултат на тоа е подобрениот onboarding процес, кој овозможува сите студенти да се добро подготвени пред стартот на академијата. Покрај инвестирањето во најиновативните алатки за успешно спроведување настава, развиваме иновативна платформа за учење, на која студентите ќе добијат доживотен пристап.
На оваа платформа се одвива подготвителната програма пред почетокот, а за време на академијата преку неа студентите ќе имаат пристап до сите материјали, снимењи предавања, ќе добиваат фидбек за проектите а ќе можат и да посветат дополнително време специјализирајќи се со дополнителните материјали во одредена област за која покажале највеќе интерес во текот на Академијата.
Програмите Hiring Partners и Learning Partners сега добиваат надградба со соодветни Demo Days на сите академии, на кои најдобрите проекти од Академиите ќе бидат презентирани пред релевантни компании од областа, со цел компаниите да ги видат стекнатите вештини на студентите на дело, што би им помогнало да дојдат до таленти со вештини што најмногу им одговараат.
What’s Next?
Имаме уште многу планови, големи планови. Покрај Виена во план се и други нови пазари на кои брендот Brainster ќе се појави наскоро. Тоа не значи дека немаме амбициозни нови планови за домашниот пазар. Напротив. Она што засега може да го откриеме е следното. Покрај премостувањето на тн. digital skills gap или недостатокот од кадри за дигиталните индустрии, почнуваме засилено да работиме и на career relevance gap односно изборот на образование кое не резултира со релевантна кариера. Ова е голем проблем во нашето општество. Младите луѓе и нивните родители до сега немаа доволно информации, доволно алатки и доволно време да ја донесат најдобрата одлука за изборот на образование, а тоа е клучната одлука за нивната иднина. Но ова наскоро ќе се промени, затоа следи не’ за да дознаеш What is Next 🙂