Бојана Јовановска е машински инженер, преквалификувана во QA инженер преку Академијата за software testing на Brainster. Кога не набива квалитетни километражи со својот точак, најчесто ќе ја најдете како ревносно следи туторијали, како чита добра книга или експериментира со некој нов вегански рецепт.
Веднаш по завршувањето на модулот за Мануелно тестирање, на 2 месеци пред крајот на Академијата, Бојана почна со работа како QA инеженер кај еден од нашите нови hiring партнери. Денес таа ја споделува својата приказна, за сите оние кои размислуваат да тргнат по нејзиниот пат.
Бојана, ти си една од оние кои се охрабрија да направат комплетна кариерна промена и кои успеаа во тоа. Сподели го за останатите, кои можеби се двоумат, твојот процес на размислување кога се одлучи да тргнеш кон нова кариера.
За промена на кариерниот пат се одлучив лани откако минав некое време во Словенија и имав можност од прва рака да видам дел од многубројните можности и предности кои ги нуди ИТ индустријата, како постојано учење и надоградба, работа од дома, интересни проекти со глобален импакт… така што, откако се вратив, првото нешто што го направив беше да се запишам на Академијата за Software testing. За луѓе кои сакаат да навлезат во ИТ а кои претходно работеле во сосема различна област, сметам дека QA односно software testing е правиот иницијален избор.
Какво е искуството на Академијата. Што ти беше најголем предизвик, а што она што најмногу те мотивираше да продолжиш напред?
Досегашното искуство на академијата е одлично. Иако на почетокот имаше многу прашалници околу новонастанатата ситуација, Brainster одлично се покажаа околу целата организација и беспрекорен тек на онлајн наставата. Инаку, најголем предизвик ми беше што побрзо да навлезам во ИТ индустријата, а мотивација – да најдам работа како QA инженер, во што и успеав веднаш по завршувањето на модулот за мануелно тестирање.
Релативно брзо, веднаш по завршувањето на модулот за мануелно тестирање, успеа да влезеш во индустријата и да почнеш да работиш како software tester. Какво беше искуството, колку се чуствуваше спремна за предизвикот, како успеваше да одговориш на задачите и колку во тоа ти помогна она што го научи на Академијата.
Да, релативно во најкраток можен рок, односно, веднаш по завршувањето на модулот за мануелно тестирање почнав да работам како Software Tester. Од академијата имавме многу добра подготовка и основа за овој модул, така што без никаков проблем успеав да одговорам на зададените задачи. Се’ што теоретски минавме на модулот, овде го применувам како пракса и секако, ги адаптирав стекнатите знаења според контекстот на компанијата во која моментално работам.
Кога гледаш од денешен аспект, кои се вештините и карактеристиките за кои што сметаш дека се најважни за некој без претходно искуство да може да дојде до нова кариера како software tester.
Од денешен аспект сметам дека желбата и љубовта кон избраната професија се најбитни/пресудни. Секако, овде би додала и: организираност, љубопитност, посветеност, критичко размислување, тимски дух и одлична комуникација.
Што би им порачала на сите што размислуваат да променат кариера во моментов?
Би им препорачала да не чекаат на „правиот“ момент, туку да ја зграбат можноста која им се нуди и да бидат истрајни. На секој што се труди, вложува време и љубов во нешто, ќе му се исплати повеќекратно. Верувам дека не постојат правилни и погрешни одлуки, туку само одлуки и соодветни последници од истите. Секоја одлука не’ носи на одреден пат, така што ако моменталниот пат кој го одиме не не’ исполнува – секогаш можеме да започнеме друг.
Доколку и ти размислуваш да започнеш нов пат, кој повеќе ќе те исполнува и ќе ти ги отвори вратите кон IT индустријата, без притоа од тебе да се бара претходно искуство и знаење – Академијата за софтвер тестинг е првиот чекор кон тоа.