И оваа година сме многу горди да покажеме што сработија нашите студенти и да позборуваме за нивното искуство на Академијата за графички дизајн.
Заедно со нивните ментори беа дел од над 10 проекти кои ги вметнаа во своите нови дизајн портфолија.
Во последниве неколку години преку нашите партнери за вработување ја воочивме зголемената потребата за графички дизајнери како во дизајн студија, така и во маркетинг секторите, IT сектори и трговските компании.
Конкретен доказ за ова е 85% вработеноста на студентите кои ја завршиле нашата Академија. Од нив 79% немале никакво предзнаење за графички дизајн.
Останато е уште 1 слободно место на Академијата, резервирај го твоето ТУКА!
1. Организиравме работилница со нашите learning партнери decal.mk, каде студентите работеа на реален проект – дизајни на налепници. Дизајните ги направија за помалку од 2 часа а резултатите може и самите да ги видите.
Браво за сите студенти и за победничките дизајни на Анастасија Величковска, Сара Станоеска и Мимоза Гулевска. ?
Дизајн на налепница на Анастасија Величковска.
Дизајни на налепница на Сара Станоеска и Мимоза Гулевска.
2. За подобро да го научиме модулот Layout, со нашиот инструктор Небојша Гелевски ја посетивме печатницата Пропоинт и видовме кој е всушност процесот кој го учиме.
3. Под менторство на нашиот инструктор Александар Нофитоски, студентите креираа лого дизајн за 2 продукти на Жито маркети(Milksy и Del Pasta) и брендинг дизајн за центар за здравје и убавина – La Vita em.
Од скица до избор на бои и форми, па се до финалната презентација која ја прикажавме пред нашите клиенти. Избрани беа победничките дизајни на Јована Велкова, Павел Караџов и Душица Мојсовска. Браво дечки!
Дизајн на Јована Велкова.
Дизајн на Павел Караџов.
Дизајн на Душица Мојсовска.
4. После неколку месеци на Академијата за дизајн, Јована Ѓорѓевиќ и Григорија Гулевска ја започнаа својата дизајн кариера на пракса кај Бане во Кома. Дизајнот на Григорија беше избран за овогодинешниот Пич Прич на тема „Фасада“, а дизајнот на Јована беше избран од клиент за „Прирачник за интегрална евалуација на училиштата“. Браво девојки!
5. Под менторство на Дијана Димитриевска изработивме креативни решенија за нашиот learning партнер Mr. Hotdog. Креиравме моќни пораки во склоп на дизајните за социјални мрежи. Стикер pack-от на Константин заедно со новата маскота на брендот – кученцето беа избрани како победнички дизајн проект кој ќе го користи нашиот клиент. ?
Дизајн на Константин Димитров.
Дизајни на Симона Стојкоска и Сара Станоеска.
6. Организиравме конкурс за постер дизајни на тема: “Благодарност до медицинските лица кои неуморно помагаат во борбата против COVID-19“.
Дополнително на сите вежби и домашни задачи, студентите беа мотивирани од ситуацијата и креираа инспиративни дизајни. Поради тоа што не можевме да избереме едно прво место, избрани беа 3 победнички дизајни на Ени Вучидолова, Андреј Лавчански и Анастасија Величковска. ?
Дизајни на Андреј Лавчански, Анастасија Величковска и Ени Вучидолова.
7. Ја надградивме Академијата со нов предмет – Дизајн студио. ? Клелија Живковиќ ги водеше студентите во една колаборативна училница каде што ги употребивме дизајнерските вештини за да ја утврдиме иновацијата во нашата работа преку креативни вежби.
8. Го засиливме нашиот тим од експерти кои несебично го пренесуваат своето знаење на студентите. Welcome Иван Дургутовски и Клелија Живковиќ! ?
9. За предметот дизајн на пакување студентите изработија креативни решенија за продукти на Витаминка и дизајниравме пакувања за органски чај.
Дизајни на Крсто Глигоријадис и Симона Стојкоска.
Дизајни на Сара Бучковкса и Незир Ќеримоски.
10. Брендинг дизајнот на Мартин Данилов беше избран за нашиот клиент Tech Foo. Ќе дознаете повеќе наскоро.. ?