Избор на кариера- најважна одлука на која и посветуваме најмалку време

Зошто треба да посветуваме повеќе време на кариерно насочување?

Во нашата секојдневна работа постојано се среќаваме со млади луѓе незадоволни од можностите што им ги нуди кариерата, решени да започнат нова. Најголемиот дел од нив велат дека кога бирале кариера,  не посветиле доволно време или дека немале со кого да се советуваат.

Истовремено фактот што повеќе од половината, односно над 60% доаѓаат кај нас за комплетна кариерна промена. Ова укажува на сериозен недостаток на време посветено на истражување на кариерните опции и перспективи, што резултира со години талкање и менување професии за да се најде онаа вистинската. Ова не е проблем само кај нас, туку и на глобално ниво. Еве што покажува истражувањето објавено во британскиот Independent

Дури 9 од 10 луѓе на возраст меѓу 21 и 65 години изјавиле дека чувствуваат дека можеби избрзале при изборот на кариера. Најголемиот дел од нив грешката ја лоцираат во недоволно посветеното време на избор на кариера и во фактот што не биле уште сигурни што сакаат да изберат, а чуствувале дека мораат да донесат одлука затоа што немале веќе време.

Останатите во најголем дел биле под притисок на родителите да изберат одредена кариера која родителите ја сметале за перспективна, или пак да ги наследат во кариерата, која самите тие не ја сметале за доволно интересна за нив, ниту пак перспективите биле исти како во времето на нивните родители.

Дури 30% од студентите, уште по завршувањето на првата или втората година на студирање изјавиле дека би избрале друг факултет доколку повторно би бирале. Цели 20% од нив изјавиле дека жалат што го направиле тој избор. Како најголема причина за незадоволството било наведено недоволното истражување пред да го направат изборот.

Затоа, цврсто решивме да го адресираме овој важен проблем. За почеток, креиравме моќна алатка која ќе ги мотивира младите луѓе да истражуваат повеќе пред да изберат кариера и ќе им помогне да се насочат кон кариера со која ќе бидат успешни и среќни.

Бесплатна дигитална алатка за кариерно насочување 

За таа цел тимот на Brainster изработи дигитална алатка, Квиз за тип на личност и кариера, која од денес е достапна за користење за сите млади луѓе. Она што ја прави важна оваа бесплатна алатка во поширок контекст е дека ја истакнува потребата да се посвети повеќе време на кариерно истражување и советување. 

prtscn алатка за кариера и кариерно насочување

Оваа алатка е прва алатка која го адресира на проблемот со непосветувањето доволно време во донесување оваа важна одлука. Покрај овој проблем, во изборот на кариера, од  интервјуираните студнети лоциравме уште два главни проблеми.

Едниот од нив се однесува на оние луѓе кои биле свесни за важноста на изборот и биле подготвени да посветат време, но често немале со кого да се советуваат или не можеле да добијат релевантни информации за иднината на одредени професии, односно нивната перспектива. 

Вториот од нив се однесува на оние млади луѓе кои имале со кого да се консултираат, но ретко имале шанса да осетат од прва рака што значи практично да се работи во конкретна област

За таа цел тимот на Brainster подготвува серија активности кои посериозно ќе ја наметнат темата на кариера и кариерно насочување, кои ги адресираат и овие два проблеми и ќе се обидат да дадат решение на истите.

Трите дела од Квизот за тип на личност и кариера 

Квизот за тип на личност и кариера кој се состои од 3 дела.

Првиот дел од квизот има 32 прашања од Open Jungian Type Scales тестот на личност, преку кои се одредува припадност на еден од 16-те типови дефинирани според оваа методологија.

Вториот сет на прашања нуди препорака за дигитални вештини што би  одговарале според афинитетите и персоналните карактеристики на оној што го прави тестот. Овој сет на прашања е изработен од тимот на Brainster врз основа на досегашното искуство и спроведените 5.000 интервјуа со студенти. Резултатите за овој дел од квизот се само препорака кои кариерни патеки во дигиталните вештини би требало да се земат предвид при изборот на идна кариера.

резултат за кариера и кариерно насочување

По завршувањето на сите прашања се добива детален персонализиран резултат со голем број информации кои можат многу да помогнат при изборот на кариера и тип на работна средина.

Во изработка на квизот покрај тимот на Brainster, активно беа вклучени и студентите од  Академијата за програмирање, Академија за UX/UI и Академијата за софтвер тестинг. Тие ентузијастично работеа за да можат да помогнат за и останатите млади луѓе да бидат исполнети со тоа што ќе го работат. 

Ве повикуваме да ја споделите со сите оние кои се или наскоро ќе бидат пред важен кариерен предизвик и избор, за заедно да им помогнеме во тоа. Насочи се кон вистинската кариера >>> https://careers.brainster.co/quiz 

Future-proof кариера во 2025

Aплицирај за early bird

*САМО 14 ДЕНА