Интервју со Симона Василевска од Македонски Телеком: Талентот како стратегиска вредност

Македонски Телеком е водечки телекомуникациски оператор во земјата и дел од глобалното семејство на Deutsche Telekom. Компанија што не само што ја поврзува Македонија со светот, туку активно учествува во градењето на дигиталното општество на иднината.

Нивната мисија е да донесат иновации кои го подобруваат секојдневието, а визијата – да предводат трансформација кон одржлива, инклузивна и дигитална иднина. Технологијата, велат, треба да биде достапна и корисна за сите – и токму затоа вложуваат во решенија што создаваат вредност за корисниците, партнерите и заедницата.

На Brainster Job Fair 2.0, Македонски Телеком беше дел од мрежата компании кои ги претставија своите вредности, кадри и отворени можности за младите професионалци.

Имавме можност да разговараме со Симона Василевска, Talent Acquisition Specialist во Телеком, која нагласи дека луѓето се во срцето на работењето на компанијата – нивната посветеност, знаење и страст се двигатели на напредокот.

Кои вештини и квалификации сметате дека се клучни за потенцијалните кандидати во денешниот пазар на труд?

Денешниот пазар на труд бара комбинација од технички и „меки“ вештини. Покрај дигиталната писменост и познавањето на новите технологии, се повеќе се вреднуваат креативното размислување, способноста за соработка, емоционалната интелигенција и флексибилноста. Посебно важно е да се има љубопитност и желба за учење – квалитет кој е клучен во свет каде технологиите се менуваат со огромна брзина. Ние бараме луѓе кои не се плашат од предизвици, кои се подготвени да се надградуваат и да растат заедно со компанијата.

Како вашата компанија ја користи вештачката интелигенција во своите производи/услуги/процеси?

AI е повеќе од алатка за нас – таа е дел од нашата долгорочна стратегија за трансформација и подобрување на секој аспект од нашето работење. Во Македонски Телеком, активно работиме на интеграција на AI технологии, од автоматизација на кориснички сервиси до напредни аналитички системи кои ни овозможуваат подобро да ги разбереме и предвидиме потребите на корисниците. Нашите проекти, како Digi Амбасадори, AI Talks и практични групи за prompting, ја поттикнуваат културата на учење и експериментирање со AI. Веруваме дека AI не е само иднина – таа е сегашност која ние ја прифаќаме со ентузијазам, и активно ги подготвуваме нашите вработени за новата дигитална ера, преку надоградување и учење на вештините кои ќе им бидат потребни во иднина.

Каков совет би им дале на компаниите кои штотуку почнуваат да ја истражуваат употребата на вештачката интелигенција?

AI не е магично решение, туку патување што бара стратегија, знаење и храброст. Мојот совет: започнете со мали, пилот проекти и вложете во развој на талентите кои ќе ја водат таа трансформација. Создадете култура на учење и прифаќање на новите технологии, но никогаш не заборавајте дека технологијата е тука да им служи на луѓето. Препознајте каде AI може да донесе најголема вредност и да ја олесни работата – тоа ќе биде вашиот прв чекор кон поголеми успеси.

Дали можете во три збора да ја опишете културата во вашата компанија и што најмногу ги мотивира вашите вработени?

Култура: Инклузивна, иновативна, динамична.
Нашите вработени се мотивирани од можноста да учат и да напредуваат, да бидат дел од тим кој гради подобра иднина и да чувствуваат дека нивниот глас е важен. Веруваме во моќта на заедништвото и во поддршката – секој успех е заеднички успех.

Дали имате некоја порака за младите таленти и студенти кои се во потрага по работа или се заинтересирани за вештачка интелигенција?

Не се плашете да го следите својот пат, дури и ако изгледа предизвикувачки. AI е полн со можности за оние кои се спремни да учат и да се адаптираат. Бидете љубопитни, поврзете се со професионалци, искористете ги бесплатните ресурси и обуки. И запомнете – она што денес го учите може да биде основата на вашата кариера утре. Има место за сите кои се спремни да вложат во себе.

Каков совет имате да споделите за оние кандидати кои сакаат да ја променат својата кариера?

Секоја промена е можност за нов почеток. Ако се двоумите, запрашајте се што ве инспирира и каде сакате да стигнете. Најдете ментор, вложете во нови знаења, и пред сè – верувајте во себеси. Вашето искуство е ваша сила, а новите вештини ќе ве водат кон иднината.


AI at Work | AI тренинзи за професионалци и компании во ерата на AI, за 25€ месечно!