Заштедете пари при секое патување

Колку пати сте имале потреба да испратите пратка до некоја дестинација, но сте се откажале поради високите трошоци за транспорт? Или пак сте посакале да купите производ од Амазон, меѓутоа истиот нема испорака до вашата локација.. Токму ова е причината поради која е креирана апликацијата која ја одбравме за денешниот „Производ на денот“ – BuddyExpress.

BuddyExpress овозможува конектирање на патниците кои имаат дополнителен простор за багаж со луѓето кои имаат потреба од транспорт за нивните производи. Оваа апликација е одлична можност за сите корисници бидејќи секоја страна има свој бенефит. Патниците можат да заработат дополнителен приход така што безбедно и сигурно ќе ги пренесат пратките до потребната дестинација, особено до оние места каде што нема комерцијална испорака. Доколку соберете доволен број на пратки до дестинацијата која сакате да ја  осетите, ќе успеете да заштедите на пари за карта и практично ќе патувате бесплатно!

BuddyExpress

Испраќачите пак имаат можност да одберат начин за транспорт кој најмногу одговара на нивните можности. Со оглед на тоа што услугите за испорака во итни случаи се значително поскапи, со помош на BuddyExpress испраќачите ќе можат да ги намалат своите трошоци. Истовремено добиваат гаранција дека пратката ќе стигне неоштетена, безбедно и навремено, инаку средствата ќе им бидат рефундирани.

products

 

Оваа апликација функционира така што најпрво патниците и испраќачите меѓусебно се договараат за цената на услугата преку BuddyExpress. Потоа откако патникот ќе ја достави пратката до договорената дестинација добива код со конфирмација од страна на примачот.

trips

По успешно завршување на процесот на испорака, BuddyExpress извршува исплата на средствата од сметката на испраќачот до патникот. Што велите вие за оваа идеја? Дали би се нафатиле да пренесувате пратка во замена за бесплатно патување до посакуваната дестинација?

„Производ на денот“ е серијал текстови од македонскиот стартап Brainster кој гради заедница каде што секој ќе може да учи и да сподели практични вештини. Ако ви се допадна овој пост, посетете го блогот на Brainster. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со пријателите.

Среќно,

Brainster заедницата

Related Stories For You