Официјалната програма за WordCamp Europe 2019 конечно излезе. 45 предавања и 15 работилници распоредени на три траки сигурно ќе ги држат сите фанови на платформата максимално окупирани во двата дена. Годинава WordCamp Europe ќе се одржи во Берлин од 20 до 22 Јуни.

Иако главниот фокус на секој од настаните се дивелоперите, #WCEU исто така има доста предавања кои се наменети за корисници на WordPress платформата. Без разлика дали сте администратор на сајт, content writer или маркетер, WordCamp Europe дефинитивно има предавања и работилници за секого и секогаш е екстремно тешко да се одлучи на кое од предавањата или работилници треба да се отиде. Овде се две кратки листи, една за девелопери, друга за маркетери кои можеби ќе ви помогнат годинава во правење на ваш распоред за двата дена.

Дивелопери и дизајнери, внимание на следниве настани:

Петок 21 јуни 2019

1. REST APIMicah Wood
WordPress REST API-то откако беше интегрирано во Core уште во верзија 4.7, донесе ново ниво на интеграција помеѓу WordPress сајтовите и останати (third party) апликации. Практично можете да изработите целосно посебен фронтенд сајт во омилениот програмски јазик, додека за читање на содржината да го користите WordPress REST API. Од кога официјално беше интегриран како дел од WordPress платформата… Првиот сат од работилницата ќе биде наменет за апсолутни почетници, така што, доколку веќе ја имате совладано темата можете тоа време да го искористите за следното предавање на листава.

2. Doing it wrongJenny Beaumont
WordPress е најзаслужен за демократизација на вебот. Како платформа им има овозможено на сите да создадат брзо и ефикасно сајт преку кој можат да споделуваат нивни размислувања, ставови, идеи и информации. За жал голем број на информации не е баш точен а Џени Баумонт ќе зборува не само за тоа туку и за контрадикцијата помеѓу „факти“ и „вистина“.

3. For the love of code: Modernizing WordPress, plugins and themesJuliette Reinders Folmer
WordPress платформата годинава трпи сериозни промени и прави крупни чекори за да стане што поефикасна. Покрај Гутенберг едиторот до крајот на оваа година WordPress планира PHP 7 да стане minimum requirement за платформата. Ова значи дека кодот на постарите сајтови ќе треба да помине процес на сериозна модернизација. На ова предавање можете да дознаете како да го направите тоа најефикасно и по можност со што помалку стрес.

4. Variable fonts: The future of web designAna Cirujano
Модернизацијата не се случува само во кодот туку и во дизајнот. Се за варијабилните фонтови, нивната ефикасна примена и како тоа изгледа можете да дознаете на ова предавање.

5. Renaissance jobs in WordPress: Skills you need to survive the 21st century careerNevena Tomovic
Кои WordPress вештини ви се потребни за вашата кариера да преживее во 21от век? На ова и еден куп други прашања одговори ќе дознаете тука. И без грижа, истите ќе бидат екстремно релевантни бидејќи се работи за опсежни истражувања правени во WordPress заедница.

Сабота 22 јуни 2019

6. How better performing websites can help the planetJack Lenox
Optimize code, save the world! Како лош и не оптимизиран код влијае негативно врз нашата планета и што можете вие да направите преку вашата секојдневна работа за да ја спасите планетата ?

7. Find that bug you made months ago with Git BisectDavid Needham
“I had three bugs, squished one, there are two more to go. I squished the second bug, there are now 99 to go.” Како да ги ловите баговите во кодот за кои не сте биле свесни дека постојат и како да се справите со истите и да останете насмеани и без стрес (ова е ептен оптимистично сценарио, никој што се справувал со багови не останал нормален, насмеан и без стрес)

8. Using blocks outside the editorTom Nowell
Како блоковите да ги извадите надвор од постовите и да ги прошетате на други локации во вашата WordPress околина.

9. Do it yourself: The user testing toolboxKatrin Christen
Базирано на искуства од реалниот живот, ќе научите како сами да правите тестирања и како тоа да го правите често. Целата работилница е коципирана по принцип чекор по чекор, така што е соодветна како за почетници така и за напредни корисници.

10. Automate your QA with visual regression testingAndrew Taylor

 

 

Маркетери, content writers, блогери и сите кои активно ја користат WordPress платформата годинава имаат повеќе од одличен избор на предавања и работилници. Ова е мојата листа која има само едно преклопување на термини и екстремно сум среќен што ќе успеам скоро сите работи да ги проследам во живо.

Петок 21 јуни 2019

1. The big, bad content planning workshopVassilena Valchanova
Без добар контент план нема добри и мерливи резултати. А нема ништо подобро WordCamp Europe да го почнете веднаш со конкретно работење на вашата контент стратегија.

2. SEO for content marketingViola Eva
Откако ќе дознаете како да направите контент стратегија, истата можете да ја доработите со SEO. Израфинирајте ја вашата стратегија со техничка анализа, истражување на пазарот и одлуки базирани на конкретни податоци.

3. Growing your WordPress site organic search traffic in a mobile-first worldAleyda Solfs
Како да го оптимизирате вашиот сајт според насоките на Google’s mobile-first index и зошто е битно да го направите тоа.

4. Accessible contentMaja Benke
На ова предавање ќе научите како да ги направите вашите содржини пристапни по пристапни за сите. Гутенберг едиторот овој процес го олеснува дополнително а вие ќе научите на кои се работи треба да обрнете внимание пред да го стиснете копчето “PUBLISH”

5. Live website reviewsMichiel Heijmans
Преку анализирање на реални сајтови на оваа работилница ќе научите што е добра структура на сајтот, UX, SEO и како да научите да правите оптимизација за вашите сајтови.

Сабота 22 Јуни 2019

6. SEO copywritingJesse van de Hulsbeek
Имате одличен текст но тоа е само половина од работата. Ако истиот не е добро оптимизиран за интернет пребарувачите, веројатноста дека некој случајно ќе налета на истиот е екстремни мала. Ова е едно од неколку предавањата кои ги организира Yoast а се фокусирани на SEO.

7. Get things done! 7 Tips to save timeJudith Schroer
Сите понекогаш имаме проблем со продуктивноста и со завршување на нашите обврски на време. Тука можете да научите како да се справите со вашите бесконечно долги листи на таскови.

8. Copywriting tricks, techniques and CTAsFernando Tellado
Како техниките на пишување и невролингвистика помагаат нашите текстови да прават по добри конверзии. Ова предавање е едно од оние кои не треба да ги пропуштите.

9. Reduce, reuse and recycle – 7 ways to repurpose content and maximize your efforts
Како да го искористите фидбекот на вашите посетители и вашиот контент да го преработувате одново и одново без да звучите исто.

10. How to engage your online audienceJesse van de Hulsbeek/ Marieke van de Rakt
Како да ги примените теориите на учење и процесирање информации во пракса и како да создадете содржини кои вашата публика ќе ја поттикнат да се вклучи во дебата.

 

 

Покрај двата дена со предавања, 20ти јуни е целосно предвиден за сите оние кои сакаат на било каков начин да придонесат кон развој на самата WordPress платформа. WordPress Contributor Day e денот кога можете да се вклучите и да придонесете во некој од тимовите кои работат на различни аспекти и во различни делови од WordPress. За да се вклучите, не ви се потребни никакви технички предзнаења. Можете да се вклучите на најразлични начини, од помош во форумот за поддршка, превод и локализација, оптимизација на пристапност за лица со попречување (accessibility), до преглед и ревизија на нови плагини, теми, поправање на багови во Core и придонес преку кодирање. Секој тим има искусен координатор кој е тука за сите ваши прашања и потешкотии кои би ги имале, и кој ќе ви помогне што полесно и побрзо да се вклучите и да го дадете својот придонес.

Ова е седми по ред WordCamp Europe а првиот се одржал во 2013та во Лајден, Холандија. Ова е најголем WordPress настан во светот и секоја година се одржува во различни градови низ Европа. Целиот настан е организиран од тим на добро организирани и посветени волонтери. Годинава настанот се одржува во главниот град на Германија во Конгресниот центар Естрел. Доколку се решите да го посетите Берлин овој Јуни, картите за WordCamp Europe се сѐ уште во продажба.

Аплицирањето за ваучер заврши!