Ако зборуваме за аналитика на податоци, веројатно неизбежно е да се запознаете со Tableau. Tableau е апликација за визуелизација на податоци со која можете да анализирате сeкаков вид на структурирани податоци и да ги подобрите бизнис процесите без разлика на претходно техничко искуство.

Денес зборуваме со Васко Богдановски, новиот инструктор на PopUp курсот: Tableau-Business Intelligence Intro во Brainster.

На учесниците на PopUp курсот: Tableau – Business Intelligence Intro ќе им го доближиш Tableau како една од најактуелните алатки за визуелизација на податоци. Кажи ни нешто повеќе за тебе, кој е Васко Богдановски ?

Oсновач сум на „Opfolio“ fintech startup за дигитален портфолио менаџмент. Работам во секторот за управување со ризици во Сава пензиско друштво АД Скопје, a имам и неколкугодишно работно искуство во високо образование како предавач/асистент во областа на финансискиот менаџмент.

Посебно ме интересираат соодветните алатки (Tableau, Power BI) кои ги користам за пронаоѓање решенија при анализа на големи и мали бази на податоци и за презентирање на своите откритија на естетки и интерактивен начин.

Сè почесто слушаме за “Data Science” и имаме чувство дека расте потребата за професионалци од оваа област.

Во денешно време се смета дека ниту една значајна одлука од менаџментот не треба да биде донесена доколку таа да не се базира врз длабинска анализа на расположливата база на податоци на компанијата. И затоа секоја модерна компанија треба да се стреми да обезбеди што поголема база на податоци од карактеристиките и однесувањата на своите клиенти за да може најдобро да одговори на нивните сè поголеми очекувања од неа.

Што ќе научат учесниците на PopUp курсот: Tableau- Business Intelligence Intro и кому го препорачуваш?

Курсот е замислен да биде искуствено патување нa студентите при запознавањето со широките и моќни можности на Tableau. Учесниците ќе имаат можност да научат голем број на функции кои ќе им овозможат брзо, убаво и лесно да истражуваат, експериментираат, подготват, и презентираат податоци. Го препорачувам на бизнис аналитичари кои сакаат да влијаат врз својата компанија преку аналитика на податоци, сите кои сакаат да донесат одлука преку визуелен приказ на податоци, студенти, претприемачи, и сопственици на компании.

Која е твојата формула за успех која би ни ја пренел?

1.01 365= 37.8

0.99 365 = 0.03

Во превод за нематематичари: само еден процент повеќе напор секој ден од рутината за една година креира 37,8 пати поголем резултат од оној што би се добил за истата таа една година ако секој ден е рутински.
Воедно, само еден процент помалку напор секој ден од рутината за една година креира резултат 33 пати помал од оној што би се добил за истата таа една година ако секој ден е рутински.

Пријави се за PopUp курсот: Tableau – Business Intelligence Intro овде.
Tableau

 

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.