Запознај ја Деспина Велковска – Dream Team студент на Академијата за UX/UI дизајн за месец декември 2022.

 

Име и презиме: Деспина Велковска

По професија: Дипломиран физиотерапевт

Академија: Академија за UX/UI дизајн

Зошто баш оваа област: Бидејќи е прекрасна професија, многу важна во процесот на креирање продукт. Спој од истражување, технологија, креативност и наоѓање решенија за крајните корисници. За вистински да го разбереме корисникот потребна е емпатија – карактеристика која е добро позната на медицинските лица.

Што те мотивира постојано да учиш: Мотивирана сум од желбата за постојано надградување и напредување како личност и како професионалец. Среќна сум што живеам во ова време на достапна, современа и online едукација. Навистина е штета да НЕ се искористи. Секое дополнително знаење и искуство е богатство – на тој начин растеме!

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Креирањето компоненти и дизајн системи во фигма. Предизвик за учење на почетокот, интересни, но и премногу корисни при работа на проект.

Омилен модул и зошто:Storytelling“ со инструкторот Златан! Опфативме многу интересни теми, имавме дополнителни матријали за учење, постојано отваравме дискусии и научивме како да примениме storytelling во нашите идни проекти. Исто така, комуникацијата и работата во FigJam како дел од овој модул ми бeа дефинитивно омилени!

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите беа одлични! Секој од нив има свој стил на предавање и ни го пренесе своето искуство и знаење на поинаков начин. Од сите научив многу и сум им бескрајно благодарна за посветеноста, за сите одговорени прашања (а ги имав многу) и за сите разјаснети теми!

За 5 години сакам да бидам: Успешен UX/UI дизајнер што одлично работи и Front-end (учењето продолжува).

Хоби: Книги, филмови и вежбање!

Омилена книга:Atomic habits“ – James Clear

Омилен цитат: “Discipline is the architect of success!”

 

Уписите за следната група на Академијата за UX/UI дизајн се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!