Креативен си? Имаш око за дизајн? Се разбираш во Инстаграм естетика? Ако си како мене, сигурно и сам си го открил својот креативен потенцијал преку алатките што социјалните мрежи ги нудат денес. 

Ако имаш уметничка душа, чувство за естетика и сакаш професија која ќе биде конкурентна на долг рок, тогаш продолжи да читаш.

Преку развивање на твојот креативен потенцијал можеш да имаш просперитетна кариера и позиција на која ќе бидеш супер платен. Овој потенцијал особено се бара во дигиталните компании. Можеш да работиш кодирање, маркетинг или дизајн. Можностите што ги нуди глобално растечката информатичка индустрија се неограничени!

Собери храброст и не се грижи, никогаш не е доцна за нов старт. Во дигиталниот сектор, луѓето со карактер, креативност и визија се меѓу најбараните. 

Ова се шестте кариерни патеки во информатичката индустрија, кои се креативно ориентирани и кон кои можеш да зачекориш уште веднаш:

1. UX/UI дизајнер

Една апликација или пак веб-страница е онолку добра колку што се и нејзините UX/UI дизајнери. Поради ова, тие им се особено значајни и потребни на tech компаниите. Што е иднината ако не апликации, веб-страници и сè останато што значи дигитален продукт? UI и UX дизајнерите честопати работат заедно во тандем или еден ист профил го работи и UI дизајнот (естетиката и изгледот на дигиталното решение) и UX дизајнот (функциите на една веб-страница или пак апликација).

Ако сето ова ти делува интересно, дознај повеќе за нашата Академија за UX/UI дизајн.

2. Графички дизајнер

Графичките дизајнери се одговорни за комбинирање на нивната уметничка перспектива со технологијата за развој на концепти за буквално сè што е поврзано со еден бренд – од логото и формата на производот, до брошури, реклами и постери. 

Ако сакаш да го направиш првиот чекор, дознај повеќе за нашата Академија за графички дизајн.

3. Game дизајнер

Видео игрите откако беа креирани, никогаш не излегоа од тренд. Посебно сега со огромниот раст на социјалните мрежи, опциите за играње игрици само се зголемија. Погоре спомнатите академии (Графички и UX/UI дизајн) се супер основа за почеток на кариера во гејм дизајн.

4. Front-End Developer

Како Front-End Developer ќе имаш постојано нова работа и нови можности за раст. Ќе работиш во супер тим и постојан контакт со UX и UI дизајнерите и ќе бидеш задолжен за целиот код и како се пренесуваат дизајнот и функциoналностите на уредот.

Започни со учење Front End, аплицирај за нашата Академија за Front-End.

5. Дигитален Маркетер

Во време на социјални мрежи, не постои индустрија во која не се потребни дигиталните маркетери. Ова особено важи за tech индустријата каде што ти како маркетер ќе имаш најголема можност за раст, учење и за постојана професионална надоградба.

Нашата Академија за Дигитален маркетинг е одлично место за старт на ваквка кариера.

6. Продукт дизајнер

Како да ги натерате корисниците да го купат продуктот? По што еден дигитален продукт ќе се разликува од сите други на пазарот. Освен креативни и уметнички вештини, решавањето на овие прашања бара и постојано истражување, запознавање и следење на тековните дигитални трендови – вештини кои ги нуди нашата UX/UI Академија.

Креативноста и окото за естетика се многу барани и посакувани карактеристики за започнување на кариера во tech светот. Ако сакаш да бидеш дел од оваа индустрија, а те бива за дизајн и естетика тогаш вистинското време да започнеш со учење за нова кариера е СЕГА.