Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Growth HackingРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

 

Ќе успееш да го “хакнеш” Instagram и ќе добиеш 10k нови следачи. Yay! Па ова е одлично. И до кога така?

Growth Hacking-от е едноставен (не сакаме да кажеме лесен). Секојдневните победи преку “хакови” ни носат вредност, продажби, brand awareness и на крајот од денот, ни помагаат да стигнеме таму каде што треба да бидеме. Овие површински подобрувања на дневна база се добри, меѓутоа не смеат да го заменат долгорочниот раст на бизнисот.

Не е стратегија која ќе го извади твојот бизнис од проблемите, или пак ќе го пробие во веќе пренаселениот маркет простор. Всушност, успехот се крие некаде помеѓу долгорочниот развој на брендот и краткорочниот и експлозивен раст.

Дефинитивно сметаме дека е одлична стратегија.

Се сложуваме дека:

  • Growth Hacking-от е поуспешно гориво кога оганот веќе гори. Најди го она што работи, и дај му ветер во грб. Мали подобрувања можат да донесат многу успех во дигиталната индустрија.
  • Се сведува на мали, добро истестирани и тактички промени направени на база која рапидно се зголемува.
  • Бара време и дисциплинирано размислување за да се почувствува ефектот.

Со други зборови, Growth Hacking-от не може да претвори лош продукт во unicorn. Не може да го направи пазарот погодна подлога за твојот бизнис. И на крај, не може да го направи твојот бизнис самоодржлив, а уште помалку да цвета. Иако некои луѓе некогаш имаат среќа. Како да размислуваш како Growth Hacker за да стигнеш до виножитото? Искористи ги сите претходни Growth Hack-ови кои ги споделивме со тебе за да се инспирираш. Меѓу другото, и ова ќе ти помогне.

North Star Metric

…е концепт кој ти овозможува да ги оствариш твоите цели, т.е мерка за успешноста на твојот бизнис. На пример, кај Facebook North Star Metric е бројот на Daily Active Users – корисници кои ја отвараат и користат мрежата на дневна база. Кај AirBnb е букираните недвижности по ноќ. Секој бизнис се темели врз различни метрики за успех. Па ако претпоставиме дека тоа веќе го имаш одлучено, нека ти биде North Star т.е ѕвезда водилка која ќе го усмерува растот на твојата компанија.

 

Growth hackers sit between product design and marketing, with the ability to critically question both. ~ Mark Hayes,

 

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.