Бесплатна алатка за учење од нашите студенти: Brainster лекции

Слушна за новата бесплатна алатка за учење Brainster лекции?

Платформа преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Овој продукт произлезе од  Академијата за програмирање каде учесниците учат да програмираат преку работа на реални проекти во соработка со учесниците на Академијата за маркетинг.

Ова беше вториот реален проект на кој работеа учесниците и сме горди да кажеме дека ќе биде highlight во нивното портфолио.

Запознај го тимот:

Ангела, која беше твојата улога во градењето на платформата?

Работев на back-end делот, т.е на admin панелот, базата и автоматизацијата на мејловите (пристигнувањето на секој 3 дена).

Александар, кој ти беше најголемиот предизвик?

Најинтересно ми беше да го работам front end делот во тим со Јордан. Почнавме од една обична страна и полека еволуираше во ова што е сега. Многу е едноставна ама има технички работи кои ни беа нови и преку нив стекнавме искуство за понатаму.

Јордан, какво искуство во програмирање имаше пред почетокот на Академијата?

Немав никакво искуство во програмирање пред почеток на Академијата. Сега сум на крај, научив и дознав многу работи. Сега стигнав до момент во кој сфаќам дека front-end е my cup of tea!

Александар, која беше твојата задача на овој проект?

Учествував во back-end делот околу изработка на датабазата и автоматизацијата на мејлови.

Николина, за кого е наменета платформава?

Оваа платформа е наменета за сите љубопитни индивидуалци кои сакаат да научат нешто повеќе за различни Tech теми. Наменета е за оние кои сакаат да се надградуваат постојано! 🙂

Емилија, која беше твојата улога во градењето на платформата?

Јас сум дел од маркетинг тимот и работев на делот со креирање и уредување на содржината која ќе пристигнува преку оваа автоматизирана алатка! 🙂

biznis razvoj

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫