Ако си дел од IT индустријата, голема е веројатноста да си слушнал за Scrum методологијата. Но, и да немаш никаква претстава за што се работи и не доаѓаш од оваа бранша, ајде да го објасниме преку твојот омилен фудбалски тим овој поим за кој се повеќе се зборува.
Претстави си добро разработена стратегија во еден фудбалски тим, која има за цел да ја подобри комуникацијата на теренот меѓу играчите со што ќе се дојде до потечна и поефикасна игра. Оваа стратегија истовремено му помага на тимот да учи од секој изигран натпревар, од победите и поразите, од добрите и лоши полувремиња и помага тимот сам да се носи со сите предизвици на теренот, дури и кога тренерот не е на клупата.
Како и да е, оваа методологија сепак наоѓа најчеста примена на терените каде се постигнуваат софтверски решенија, а не голови. Но, по погоре посочениот пример, јасно е дека овој пристап би наоѓал примена во секоја тимска работа која се соочува со задачи од различни проблематики.
Што е Scrum, како функционира и кои се придобивките?
Scrum е доста употребувана формација кој припаѓа на Agile методологиите и не се врзува директно за никаква техника. Тој претставува лесен, циркуларен процес кој е поделен на помали цели (goals) кои водат кон крајната цел, а тоа е – успешно изработен проект.
Проектите изработени со Scrum методологијата со себе носат поголеми успеси и задоволство на релација тим/клиент/корисник. Главната предност на овој метод е дека корисниците за кратко време добиваат употребливи делови од комплетниот производ кои можат да ги тестираат до периодот на финализирање на проектот.
Придобивките кои ги носи овој метод се:
Брз одговор на пазарната побарувачка со помалку трошоци и помалку потрошено време
Брза елиминација на грешките и потешкотиите.
Поголема продуктивност и квалитет во работењето
Можност за полесно инкорпорирање на промени, онака како што се случуваат
Менаџирање на бизнисите во нивното целокупно работење кои би ги водело кон раст и проширување
Ажурирање на барањата според потребите на клиентот
Подобро искуство за корисникот и клиентот.
Како се применува?
Со примена на Scrum, работата на тимот се синхронизира и се извршува симултано, наместо да биде поделена на секвенци. На пример, еден програмер кодира „on the run“ и не чека до моментот кога сите прашања би биле кристално разјаснети пред да се започне сo со процесот на работа. Целата постапка е флексибилна и променлива за време, и по завршувањето на проектот. Истото важи и за тестирањето на кодот кој се прави континуирано, а не само кога ќе заврши целиот проект.
Со примена на Scrum, приоритетот на задачите се дава по редослед на нивната важност. Со оглед на ова, токму овие задачи најмногу влијаат на ROI. Кога имаме „купче“ готови пласирани приоритетни решенија, поверојатно е дека продуктот полесно ќе се пробие на пазарот, за разлика од традиционалниот пристап на работа на проекти каде единствено во крајната фаза комплетно се лансираат сите делови на еден целосен готов производ.
Тимот е главниот актер на оваа метода и во нивни раце е целиот проект. Целта на тимот e во одреден временски рок да ги реши сите применливи сегменти од приоритетните задачи на проектот, кои со себе носат и повлекуваат вредност.
Во ваква тимска работа функционира мотото „сите за еден, еден за сите“, бидејќи не постои „главен“, т.е. шеф. Наместо тоа, имаме Scrum Master, кој како улога на ментор и претставник ги штити интересите и крајната цел на својот тим и проект. На овој начин е многу полесно за тимот да се идентификува со продуктот, како и потсвесно да изгради поголема конекција и блискост со истиот.
Поради големиот интерес и актуелноста на оваа тематика, започнуваме со курс кој ќе ти помогне во имплементирање на Scrum методологијата во твојот работен тим, како и да станеш успешен сертифициран Scrum Master.
Ако си:
– Проект менаџер;
– Продукт менаџер;
– Софтвер девелопер;
– Бизнис аналитичар;
– Тим лидер;
– Тестер;
– Менаџер кој сака да почне да го применува Scrum пристапот во својата компанија,
– Ентузијаст што сака да научи повеќе за Scrum пристапот;
Или пак, сакаш да ја промениш кариерата без разлика во која индустрија се наоѓаш во моментов, овој курс ќе те воведе комплетно во методологијата која го доживува својот подем во областа на проектниот менаџмент.