Иднината на културата лежи во рацете на оние кои се осмелуваат да сонуваат, да иновираат и да ја прифатат различноста. Образованието е мостот што ги поврзува традицијата со трансформацијата, наследството со иновациите и знаењето со културната еволуција. Нејзиното влијание врз културата е камен-темелник на напредокот и чувар на нашето заедничко наследство.
Преку иновации, дигитализација и намалување на јазот со индустријата, водечката едукативно-технолошка организација Brainster без престан девет години го подобрува образованието во Македонија. Преку квалитетно образование за вработување ги надградува студентите со вештини со кои тие еден ден ќе го подобрат светот. Со работа на реални проекти за реални клиенти, студентите истовремено учат и учествуваат во активности кои се за доброто на заедницата.
„Ние во Brainster постојано се залагаме да креираме општествено одговорни проекти, кои даваат позитивен придонес за сите. Како компанија, веруваме во инвестирање во дигитални решенија и апликации што ќе прават добро за заедницата, а исто така веруваме дека нашите студенти ќе ги креираат тие решенија“, вели Јана Тодоровска, team lead на Partnerships тимот во Brainster, што ги организира овие проекти.
Со технологија до вистинска промена
Студентите на Brainster учествуваа во повеќе од 300 реални проекти, во чија основа е „tech for good“, односно користење технологија за да се стигне до вистинска промена. Остварени се соработки со невладини организации, граѓански иницијативи и институции.
Оваа година фокусот ќе биде ставен на реални проекти за дел од најзначаните културни организации и настани.
„Со ова Brainster ќе даде придонес во оживување на културата во Македонија. Тоа ќе бидат проекти од младите креативни умови, за сите млади во нашата земја. Како водечка едукативно технолошка организација, имаме одговорност да даваме назад на заедницата. Нашите студенти ги едуцираме за најновата технологија, како да ги совладаат вештините на иднината, како да иновираат… најважно од сѐ е што ги учиме како сето ова да го имплементираат во реалниот свет, а што е пореално од она што го живееме секојдневно? Културата има големо влијание во развивање на младите индивидуалци во интелектуалци. Какви филмови гледаме, каква музика слушаме, на какви работи размислуваме, од каде црпиме инспирација, како ја канализираме нашата креативност, сево ова е зависно од како се движи културниот пулс во една заедница. Меѓутоа, во исто време е нешто што е доста занемарено во нашата земја. Па затоа, оваа година решивме да ја посветиме на поддршка на културата преку соработка на нашите 1000+ студенти со сите (ама баш сите) културни институции. Сакаме културата во земјава да ја качиме на нивото што младите го заслужуваат“, вели Тодоровска.

Културна револуција во 2024
Во наредните неколку месеци, студентите од креативните академии на Brainster, како и од првиот практичен ИТ-факултет Brainster Next College ќе бидат вклучени во проекти за Националната опера и балет (НОБ), Europe House Bitola, „Лабораториум“, како и познатите музички фестивали „Таксират“ и „Д Фестивал“, кои се во организација на „Пасворд продукција“.
„Нѐ очекува навистина возбудлив период. Нашите студенти од Академијата за графички дизајн ќе дадат решенија за постерот за претстојните Мајски оперски вечери, во соработка со еминентната институција НОБ. Студентите по UX/UI и графички дизајн од Brainster Next College ќе работат на ребрендирање на култниот фестивал „Таксират“, а ќе биде остварена и соработка и со еден од нашите најпопуларни музички случувања за млади – „Д Фестивал“. Со најновиот суб-културен центар „Лабораториум“, пак, во план се соработки на изложби, настани за креативност, предавања отворени за заедницата и слично. Исто така, планираме и соработка и со Europe House Bitola… Како круна на овие ангaжмани ќе биде завршиот проект на студентите од прва година на Софтверско инженерство и иновации од Brainster Next College – изработка на културен календар, за кој ќе оствариме соработка со сите културни институции во Македонија. Со ова и со уште многу други активности ќе дадеме придонес и поддршка на културата во нашата држава и најважно од сѐ, ќе ја направиме културата достапна за сите што ја заслужуваат. Затоа, ги поканувам сите институции, компании и организатори на културни настани, да се приклучат на оваа иницијатива, која ќе биде многу корисна за сите граѓани“, додава Јана.
Работата на реални проекти за релевантни културни и образовни институции и организации не е новина во програмата на Brainster. Имено, студентите од академиите и од колеџот досега имаат реализирано повеќе успешни ангажмани, кои оставија белег. Овие активности дадоа креативен придонес и поддршка за сцената, но и мотивација за младите да вложуваат во културната сфера. Од ваквите проекти изработени изминатите неколку месеци ги издвојуваме соработките со: Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Младинскиот културен центар (МКЦ), Skopje Cinema City, фестивалот When in Krusevo и Зоолошка градина Скопје.
Постер и видео за јубилејот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Студентите од Академијата за графички дизајн за време на 48-часовниот онлајн-хакатон изработија дизајн на постер и видео за 70-годишнината на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и 120 годишнината од издавањето на книгата „За македонцките работи”. Вработените од Институтот имаа тешка задача при изборот на победничкото решение на кое работеа пет тимови, но се одлучија за прославата на значајниот јубилеј да го користат постерот и видеото што го направи тим 4 со студентите Ива Милчова, Љубица Атанасова, Миле Митев, Ангела Пановска, Бојана Давитковска и Габриела Манова.
„Brainster и Академијата за графички дизајн покажаа навистина висок степен на професионалност, сериозност и отвореност за соработка. Најнапред им честитаме за целокупната организациска поставеност. Овој тим од млади луѓе, полни со ентузијазам и амбиција, покажаа врвен професионален однос. Темелно и сериозно пристапија кон проучување на нашите барања и цели. Беа достапни и подготвени да помогнат во секое време, точни и прецизни во работата. Во текот на работата имавме можност да согледаме дека тие, не само нам туку и на своите студенти им нудат безрезервна поддршка, насочувајќи и охрабрувајќи ги во работата. Позитивниот однос кон клиентите и кон студентите, почитта кон секого и тимскиот дух се нивни клучни двигатели, кои ги одликуваат како посебен бренд“, изјави директорката на Институтот, д-р Елена Јованова-Грујовска.
Приказната на МКЦ како инспирација
Студентите од Академијата за графички дизајн имаа предизвик да работат на реален проект за реален клиент на модулот „Постер дизајн“. Под менторство на инструкторот Иван Татарчев Дургутовски имаа задача да направат дизајн-решенија за постер и од различна перспектива да ја раскажат приказната на МКЦ. Дизајните на студентите беа претставени на изложба во Младинскиот културен центар, каде посетителите имаа можност да гласаат за најдоброто решение. За најдобар беше избран постерот на студентката Елена Димовска. Станува збор за илустрација од млади луѓе кои се забавуваат пред МКЦ, со што авторката сакала да ја долови дружбата, еднаквоста, прифатеноста на различните стилови и генерации.
Дизајн за фестивалот Skopje Cinema City
На модулот „Creative Thinking“ под менторство на инструкторката Дијана Димитриевска на Академијата за графички дизајн студентите имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер дизајн за Skopje Cinema City.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија за постерот на фестивалот за музички документарни филмови, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано делото на Даница Орцева.
Таа дизајнираше постер кој буди носталгија, ефективно ја пренесува пораката и е визуелно привлечен. Целта беше да се создаде интерес за музичките документарци, да привлече внимание на потенцијалните гледачи и да поттикне љубопитност и возбуда за истражување на подлабоките наративи, лични приказни и културното значење зад музиката што се прикажува.
Мобилна апликација за фестивалот When in Krusevo
Студентите на Академијата за Project & Product Management имаа задача да подготоват проект за развивање на мобилна апликација за фестивалот When in Krusevo, со цел полесна логистичка организација на фестивалот.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко беше избрано решението на тимот составен од членовите: Благој Ѓорѓиев, Борче Коруновски, Маја Аџи-Андова и Христина Василевска.
Едукативни решенија за Зоолошка градина Скопје
Со цел подобро да се едуцираат децата и нивните семејства за едни од најзначајните животни за целиот еко-систем, дивите пчели и црвеноушестите желки, студентите од Академијата за графички дизајн повторно се вклучија во нова благородна мисија со изработката на реален проект.
На модулот „Постер дизајн“ под менторство на инструкторот Михајло Тунев, тие имаа задача да го покажат целото стекнато знаење од предавањата, да работат на реален проект за реален клиент и да направат постер – дизајн за Зоолошка градина Скопје.
Од страна на студентите беа понудени голем број на креативни решенија, но по презентацијата пред нашиот клиент, како победничко решение беше избрано токму она Петар Велковски и Елена Босилковска.