Платформата CareerHub, уште еден реален проект во портфолио на Академијата за Software Testing

На сите веќе ни е добро познато колкава е побарувачката на пазарот на труд за програмерите. Но, дали знаете дека секој код кој програмерот ќе го напише мора потоа да биде ревидиран од страна на software tester? Поради оваа цел, покрај за програмерите, постојано се отвараат и работни места за софтвер тестерите.

Сè повеќе амбициозни луѓе се мотивирани да навлезат подлабоко во оваа професија, да видат од блиску што значи software testing и да преминат кон следниот чекор – стекнување потребни вештини за да започнат со работа во software testing-oт. 

Без разлика за која област станува збор, праксата и теоријата се во нераскинлива симбиотска врска. Теоријата произлегува од праксата, додека праксата генерира теорија. Ни во software testing ситуацијата не е поразлична.

Затоа, во рамки на нашата Академија за Software Testing им овозможуваме на студентите да стекнат знаење преку работа на реални проекти. Искуството ни покажало дека ова е најефикасниот начин за стекнување на потребните вештини за работа. Преку ваквите активности, секој студент увидува до каде е со знаењата, каде може да се подобри и можеби најважно од сè – што би го очекувало утре на работна позиција како software tester.

Последниот проект на кој што работеа студентите беше CareerHUB, кариерна платформа лансирана од страна на една од нашите партнер-проекти МладиHUB. На кратко, целта на оваа платформа е поврзување млади талентирани професионалци коишто поседуваат дигитални вештини со работодавачи коишто имаат потреба од ангажирање соработници со полно или скратено работно време, хонорарен ангажман, практиканство или волонтирање. На истата можете да се регистрирате како работодавец или барател на работа во зависност од вашата потреба.

Во периодот од 10.11.20 до 25.11.20, студентите во рамки на нивниот завршен проект неуморно и посветено работеа на оваа платформа. Процесот течеше така што студентите пред сè запознаа со бизнис барањата на клиентот со цел да се запознаат со софтверот и да утврдат кои test design техники ќе ги користат при тестирање на test cases – нешто што е неопходно за да се постигне што поголема покриеност со тестирањето. 

Потоа, тие  креираа test cases каде што детално се опишуваат чекорите за тестирање на функционалности, со кои би ги опфатиле сите можни сценарија и би потврдиле дали софтверот работи онака како што се очекува. Следен чекор беше приоретизација на тоа кои  test cases ќе се извршат во зависност од видот на тестирање кој треба да се спроведе. На крајот пронајдените багови ги пријавија кај девелоперите во јасен и концизен bug report со цел јасно да се искомуницираат и побрзо да се решат.
Преку овој процес, нашите студенти го збогатија своето портфолио и ги потврдија претходно стекнатите вештини.

Програмата на Академијата за Software Testing е креирана на тој начин што сите кандидати без разлика на нивното искуство можат да ја совладаат. На почеток се запознаваат со најважните технологии за полесно разбирање на предизвиците, а потоа пак се учат основите на тестирање преку решавање на реални проблеми. Програмата завршува со изработка на финален проект!

Тестирањето на софтвер е правилниот избор за секој што сака да има динамична професија која што е високо барана на пазарот на трудот. 

Сите студенти на Академијата, пред да започнат со предавањата имаат можност да ја следат едномесечната подготвителна програма за подобар старт на академијата.

Ако сте спремни да учите од докажани и искусни инструктори, како и да направите кариерна трансформација во областа на Software Testing, закажете информативна средба со координаторот на Академијата ТУКА.