Воислав Стојановски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing

Запознај го Воислав Стојановски – Dream Team студент на Академијата за Software Testing за месец октомври 2022.
Име и презиме: Воислав Стојановски
По професија: Забен техничар
Академија: Академија за Software Testing
Зошто баш Software Testing: По претходно истражување и собирање на информации, оваа област ми остави најголем впечаток со можност за напредок. И сега, кога сме на самиот крај на Академијата, можам да потврдам дека сум го направил вистинскиот избор.
Што те мотивира постојано да учиш: Сметам дека откако ја избрав насоката во којашто сакам да се развивам, пропорционално расте и желбата за секојдневно учење и надградување.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Покрај автоматското тестирање, дефинитивно интересен беше и Хакатонот организиран од Brainster, којшто е од огромно значење за сите нас, бидејќи се стекнавме со одлично искуство и дружење.
Омилен модул и зошто: Секој модул беше голем предизвик за нас да го научиме преку вежби и практични задачи, но би го издвоил Selenium Web Driver – затоа што тука научив автоматско тестирање.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Кате многу посветено и детално ни ги постави темелите како идни софтвер тестери, од начин на правилно размислување, па сѐ до практична работа. Преку своето долго искуство и големо познавање во оваа област, секојдневно вложуваше напори да ни го пренесе своето знаење. Фасцинантно е колку трпение имаше за сите нас, со оглед на тоа што нè учеше “from scratch”.
Фросина со својата максимална посветеност и енергија, преку интеракција и практични задачи нѐ научи како да пристапиме кон автоматското тестирање. “Спушта рампа”, односно не продолжува со материјалот додека не биде потполно сигурна дека сите сме го совладале тековниот материјал. Голема благодарност до сите инструктори, асистенти и координатори кои се достапни за нас во секое време.
За 5 години сакам да бидам: Успешен софтвер тестер со нешто помалку од 5 години работно искуство во оваа професија.
Хоби: Планински велосипедизам и успешно преспивање утрински емисии.
Омилена книга: Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи
Омилен цитат: “Fall seen times, stand up eight.“
Уписите за следната група на Академијата за Software Testing се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!