Алмедин Муслиоски – Мојата програмерска кариера започна

Сигурно веќе прочитавте за тимот од тројца кои го создадоа MoeCV.mk , учесници на Академијата за програмирање. Еден од нив e Алмедин Муслиоски! По завршувањето на интензивната програма, веќе работи на нови проекти а неговото портфолио никогаш не било поисполнето од сега.

Уписите се во тек. Види ја програмата тука: http://codepreneurs.co/

 

Алмедин, стана програмер преку 20 неделна Академијата за програмирање. Како си помина?

Да, баш така. Станав програмер за 20 прекрасни недели, со прекрасни луѓе кои имаа иста цел како мене. И секако прекрасни инструктори кои најпрофесионално и несебично ни го пренесуваа нивното знаење и вештини. Си поминав супер 🙂

Зошто реши да си дел од Codepreneurs и да станеш програмер? Што работеше пред Академијата за Full-Stack Web Development? 

Како дипломиран инженер по компјутерски науки и вработен како професор во образование, не бев доволно среќен и задоволен со постигнатото. Потонат во монотонија. Оставив сѐ зад себе. Сакав чекор напред. Ненадејно скролајки на фејсбук дознав за Академијата и во два-три клика аплицирав. Потоа следеше интервјуто и бев примен 😀 Благодарение на Петар кој виде потенцијал во мене. Во текот на целиот процес ме мотивираше создавајќи ми слики во мојот мозок за она што следи после академијата.

MoeCV.mk е еден од твоите први големи проекти како програмер. По што ќе го паметиш најмногу ова искуство?

Замисленото почна да се остварува 🙂 Работев на вистински проект! Со вистински тим! За доста кратко време MoeCV.mk беше официјално онлајн. Ќе го паметам по долгите ноќи кодирање дури до 5 часот наутро, со момците од тимот Бране и Сашо. Многу убаво си поминавме и станавме вистински тим.

Како се станува програмер од почетник за само 20 недели? Некој совет? 🙂

Многу лесно :)… Се фокусираш 5 месеци, секојдневна работа, континуирано учење, целосна посветеност. Откажување од сите други обврски околу себе, и секако несебично разменуваш мислењa со колегите (тоа многу помага). Нормално, повремените кризи и потешкотии не смеат да ве дефокусираат од целта. Шансата е сега, вие сакате да сте програмер. Кога се сака, сѐ е лесно. Едноставно…заљубете се во кодот! 🙂

За совет, нека Google ви стане најдобриот другар, тој знае сѐ.

Како го применуваш стекнатото знаење за напредок во твојата програмерска кариера?

Мојата програмерска кариера само што започна и одлично ми оди 🙂 Со стекнатото знаење јас се пробивам во IT светот, иако сѐ уште како Junior Web Developer, но целта полека си ја остварувам.

И сега, што понатаму? 🙂

После првиот проект, тимот си ја доби наградата. Влеговме во шема, добивме уште 2 други поголеми проекти на кои моментално работиме, и сме во преговори за трет проект. Нашите портофолија никогаш не биле поубави и поисполнети. Тимот одлично функционира и полека, но сигурно плови во добри програмерски води, со поголем круг на пријатели и соработници и се надеваме не чека доста работа и код за пишување во иднина.

 

Уписите за Академијата за програмирање се во тек, види ја програмата тука.

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Успешни Приказни и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za programiranje skopje, академија за програмирање скопје, академија за кодирање.