Олга Милановска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management

Запознај ја Олга Милановска – Dream Team студент на Академијата за Project & Product Management за месец декември 2022.
Име и презиме: Олга Милановска
По професија: Архитект
Академија: Академија за Project & Product Management
Зошто баш оваа област: Методологиите и вештините кои се изучуваат на оваа Академија, се применливи практично во секоја индустрија. Поставување визија, цели и планирање како да го обезбедиме најдобриот можен продукт, со ресурсите кои се на располагање, е нешто што навистина уживам да го работам и учам. Работа во тим е моето омилено место, без разлика дали се работи за работна средина или дома, со семејството. Кога секој придонесува со своите квалитети, отворен е за нови предизвици и се чувствува слободeн да побара објаснување за она што не го знае, успехот е загарантиран.
Што те мотивира постојано да учиш: Мојот 5 годишен син. Постојано поставува прашања за кои, ние возрасните ги земаме одговорите „здраво за готово”. Во свет кој брзо се менува, професионалното надградување и работата на себе никогаш не се завршен процес.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Scrum методологијата – транспарентност, инспекција и адаптација за да обезбедиме највисока вредност за клиентите. Scrum вредностите: посветеност, храброст, отвореност, фокус и почит, се есенцијални на работното место, како и во приватниот животот. “Servant leadership” концептот на работа во средина на самоорганизирани и крос функционални тимови, не е ништо помалку од уметност.
Омилен модул и зошто: Менаџирање со ризици и промени во проектите. Ниеден проект не е имун на ризик или промена. Начинот како ќе се предвидат ризиците и ќе се излезе во пресрет на промените е веројатно најголемиот предизвик за секој проект и продукт менаџер.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Инструкторите покажаа високо ниво на посветеност и знаење. Ми се допадна нивната пасија за професијата која ја работат, методичноста и организираниот ум. Би ја издвоила Олга Пујаз Петрушевска, заради енергијата која ја пренесе и преку Zoom и непосредноста во комуникацијата
За 5 години сакам да бидам: Дел од успешен тим кој постојано расте заедно.
Хоби: Готвење и возење велосипед.
Омилена книга: Tрилери од James Patterson или Harlan Coben.
Омилен цитат: “Never regret. If it’s good, it’s wonderful. If it’s bad, it’s experience.“
Уписите за следната група на Академијата за Project & Product Management се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!