Совладувањето на WordPress го препорачува на сите кои имаат неостварена бизнис идеја, претприемачи, дигитални маркетери, SEO специјалисти, бизнис аналитичари,  и се разбира на front-end девелопери! Запознајте го Антоние Димовски, нашиот инструктор на Курсот за WordPress со долгогодишно Web искуство со клиенти од целиот свет.

Антоние, претстави ни се 🙂 

Здраво, моето име е Антоние Димовски. Со WordPress се занимавам веќе пет години како хонорарен Web дизајнер и девелопер за клиенти од целиот свет. Кога почнав да работам со WordPress не постоеа многу ресурси кои можеа да ме наведат на правиот пат. Tака го совладав преку процесот на пробај-згреши обиди (trial and error). Се разбира, доколку пред пет години се најдев во можност да посетувам Курс за WordPress како курсот што ќе го предавам во Brainster, значително ќе го намалев времето на проби и грешки и ќе можев да се фокусирам на побрзо остручување.

WordPress е една од технологиите кои сметам дека направија револуција во светот на интернет бизнисот.

WordPress им помогна на безброј луѓе ширум Македонија и пошироко да ги остварат своите идеи, планови и креативност на светската интернет мрежа. Како слободен софтвер, WordPress ми овозможи и мене да им помогнам на голем број клиенти создавајќи им комплетни веб решенија за нивниот онлајн бизнис, центрирани околу WordPress енџинот. Во 2016та се здобив со сертификатот Oracle Certified Java Developer, а моментално работам како Intermediate Web девелопер во Seavus.

 WordPress контролира преку 25% од сите сајтови во светот. На кого се му се потребни вештини во WordPress?

Совладувањето на WordPress би го препорачал пред се на сите луѓе кои имаат неостварена бизнис идеја. Навистина, ако имате некаква бизнис идеја што би можела да се оствари на интернет, WordPress е вашиот билет до крајната дестинација. Би го препорачал на вебмастери кои веќе имаат “live” сајтови на интернет и би им било од корист да си го освежат знаењето за WordPress и се околу него. Потоа би го препорачал на претприемачи, на дигитални маркетери, SEO специјалисти, бизнис аналитичари, графички и веб дизајнери, контент менаџери, онлајн писатели и се разбира на front-end девелопери.

Дали треба да се има некакво предзнаење за WordPress курсот?

WordPress е мошне лесен и интуитивен софтвер за употреба, ако го имаш знаењето да го употребиш твојот компјутер за да кропнеш и да закачиш слика на фејсбук, или пак да напишеш и испратиш ворд документ преку интернет, тогаш ги имаш сите предуслови да го извлечеш максимумот од курсот за WordPress.

Што да очекуваме од курсот?

Целта на курсот е да ги оспособи учесниците самостојно и самоуверено да создаваат WordPress сајтови, да избираат и користат готови теми и плагини и да менаџираат WordPress инсталации, вклучувајки и бази на податоци, мигрирање, хостирање, и да следат проверена практика за справување со потенцијални безбедносни ризици.

Какви веб сајтови ќе знаат да изработат учесниците по завршувањето? 

Два централни дела од курсот се создавањето на динамични блог веб-сајт и електронска продавница. Ги избрав овие два типа на сајтови затоа што сите сајтови на кои што ќе работите во иднина, ќе бидат варијација на еден од овие два. Во изградбата на овие сајтови ќе потрошиме дури четири од планираните шест дена на курсот. Динамичните блог сајтови се корисни заради нивната лесна интеграција со разновидни начини на заработка како Google Adsense, Clickbank и други affiliate marketing шеми.

Сајтовите ќе изгледаат модерно со впечатливи визуелни елементи а сепак лесни на тежина.

Е-продавниците станаа актуелни во последната година заради можноста што ја допуштија амазон и алиекспрес за т.н. dropshiping како начин на продажба преку посредништво. Ќе научиме да интегрираме надворешни делови како google analytics, google maps, форми за внесување на контакт информации, платежни картички, заштита на вашиот сајт и податоци како и податоците на вашите крајни корисници. Исто така ќе научиме како да ги оптимизираме нашите WordPress сајтови да можат за брзо време да ги услужат нашите клиенти од другата страна на жицата.

obuka za wordpress

 

 

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Инструктори и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг. курс за wordpress, obuka za wordpress, обука за wordpress, kurs za wordpress.