Љупка ја запознавме на Академијата за Маркетинг, како инструктор за Дигитален PR. За прв пат во Brainster, држи и курс на оваа тема, или со други зборови како својот бизнис да го пласираш пред јавноста!
Активностите кои ги сработивме на Академијата можеш да ги прочиташ во овој текст, а ќе бидат и дел од агендата на новиот курс на Љупка, Дигитален PR – Make It Newsworthy.
Односите со јавност не се само креативен текст објавен во некој портал, туку клучна алка во секој бизнис и медиум.
Што изработивме за неколку дена?
Евалуација на креативен бриф од нула
Комплетен IMC План (Интегриран маркетинг комуникациски план)
Годишно буџетирање преку реална кампања
Познато е дека Економијата на 20ти век била насочена исклучиво кон масовноста. Масовно производство, масовни медиуми, масовна потрошувачка, масовен превоз. Од друга страна, 21виот век е фокусиран на индивидуата. Потрошувачите сакаат Newsfeed со одбрани информации, персонален простор за содржини, приватен возач преку апликација. Со други зборови, ‘Јас’ генерацијата е тука. Долго време, маркетерите биле насочени кон сегментација на публиката – сегментација на луѓето во групи базирани врз демографијата и однесувањето за да понудат потаргетирани комуникации. Денес, брзо напредуваме од мас-медиумите кон персонализираните медиуми, што значи дека сегментацијата на публиката се рафинира и рафинира. Тоа е она што се нарекува Law of One.
На прв поглед познати поими, сѐ додека не започнавме да дискутираме со Љупка. Направивме детален осврт на сите моментални трендови, и конечно сфативме дека постојат брендови кои се грижат за општеството, и зошто, а со тоа нивната продажба е значително поголема поради интегрирање на Corporate Social Responsibility моментот. Како примерот со Toms обувките – започнаа тренд кој многу компании почнаа да го следат.
Зошто е важно секоја компанија да има интегрирано CSR?
На тој начин придонесува за одржлив развој преку обезбедување еколошки, економски и социјални придобивки за сите засегнати страни. Истото го имплеменитравме и во годишниот буџет на една компанија што го изработивме, подолу во текстов. Како дел од Академијата за програмирање на Brainster, учесниците ја изработија апликацијата komunicira.me, како пример за CSR. Еден од најмоќните примери за CSR е пристапот на FedEx со пандата како загрозен вид.
Дали знаеш дека за повеќето бизниси, 80% од профитот доаѓа само од 20% клиенти?
Задржување на потрошувачите е далеку поефикасно од постојано таргетирање нови. Преку ефективни примери и реални вежби, научивме како еден бизнис треба да функционира.
Работа низ реални примери: Евалуација на креативен бриф од нула
Како индивидуална активност, изработивме Creative Brief, како вовед за сите активности понатаму. Во светот на маркетингот, тоа е првиот чекор и основата пред било која кампања. Точките содржани во него ги креира клиентот, како еден вид документирано барање со сите ставки од таргет, медиа, буџет до сите рокови кои треба да се исполнат.
Работа преку практични вежби: Целосен IMC План од почеток до крај
Можеби најтешкиот и најпрактичниот дел од сите предавања! Што е всушност интегриран маркетинг план и зошто е потребен во секоја компанија? Со него може да се постигне унифицирано искуство за потрошувачите полесно да комуницираат со брендот, ги спојува сите аспекти на маркетинг комуникацијата како продажба, PR, директен маркетинг, и сите социјални медиуми. Од страна на Љупка добивме одличен празен темплејт и неколку компании во Македонија ( Хотел Merriott, КАМ Маркети, Бучен Козјак и АД Европа), се поделивме во неколку групи и предизвикот кој ќе има најтемелен IMC план започна.
Секоја група изработи детален план кој опфаќа се во врска со продуктот на една компанија, позадината на компанијата, комуникациски и стратегиски цели, интегрирани маркетинг елементи, медиа, сегментација и детален контент план. Вообичаено на една компанија и требаат неколку недели па и месеци за да креира IMC план кој ќе ги исполнува критериумите. Учесниците од Академијата го направија за рекордни 4 часа на работилницата.
Преку темелен преглед на интегрираниот маркетинг микс, традиционалните и онлајн медиуми, технолошките влијанија, психографските карактеристики на современата публика и релациите со медиумите, на курсот за Дигитален PR ќе се доближиме до развивање на модел за прецизни дигитални ПР комуникации и тактики за создавање на вести со вредност од значење за нас и нашата публика.
Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг.