Kaко да направиш успешна приказна од еден бизнис? Кои се чекорите? На курсот за Дигитален PR  со Љупка Наумовска, ќе се доближиш до развивање на модел за прецизни дигитални PR тактики!

Здраво Љупка! Наскоро ќе го одржиш курсот за Дигитален PR. Зошто овој курс е толку посебен?

Затоа што современата публика е паметна, информирана и истражувачки ориентирана.  Верува само во веста која е прецизна, поткрепена со факти, која е навремена и визуелизирана. Интеграцијата на традиционалните и дигиталните медиуми е најдоброто нешто што може да и се случи на една организација која тежнее кон ефикасна комуникација со својата публика. А плус тајмингот е нели евритинг – па токму тука пропаѓаат многу обиди да се информира јавноста за вредни настани, проекти, достигнувања и вести.

Учесниците ќе изработат целосен модел на комуникациски план од почеток од крај, со фокус на односите со јавност. Кои би биле бизнис придобивките од еден ваков план?

За компаниите, носителите на одлуки и носителите на маркетинг проектите незамисливо е да се работи денес без ваков план. Секако дека тој е флексибилен и подлежи на промени, но доколку тимот за комуникации поседува вештини и знаења за дигитален ПР,  тогаш ќе може да работи независно од надворешни агенции најголем дел од времето или барем ќе оптимизира во делот на трошоци за маркетинг. Тие вештини се сет од длабински познавања на: интегрирана и постојана комуникација, избирање на соодветен начин на изразување, изборот на соодветни медиуми, визуелни елементи и времето на пуштање на веста, однос со новинари, начин на брифирање, култура во комуникацијата, оптимизација на социјалните мрежи и слично.

Преку 11 години се занимаваш со маркетинг комуникации, попрецизно со односи со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг комуникации.. Што се се има сменето низ годините искуство и во што е еволуиран PR-от денес?

Има сериозни промени кои ја прават маркетинг индустријата доминирана од технологијата. Сите што работат денес маркетинг (треба да) се помалку или повеќе програмери. Друга промена е брзината на пренос на информацијата, чиј опсег е се пократок. Понатаму фанатизмот по ,,live video,,, силната потреба од мултимедиа, а најмногу промени донесе генерација Зет со своите специфични социо – психолошки карактеристики што сетираа нов јазик, силна употреба на икони, симболи а со тоа и нова култура и правила на комуницирање и едукација.

Секојдневно налетуваме на фејк вести. Како да се создадат и публикуваат вести со вредност? Можеме да приметиме дека македонските медиуми, често добиваат критики околу ова прашање. Како да се подобри целата ситуација?

Фејк вести имало и порано, разликата е сега што ги препознаваме. Леснотијата да се објави вест со невистини е дотолку силна колку што е слаба регулативата на медиумите, но и површна љубопитноста на публиката. Па оттука, не е крив само медиумот. Ќе дискутираме за ова на курсот подетално.

За крај, кој е број 1 совет кој би им го дала на индивидуалците и бизнисите, во поглед на дигиталниот PR?

Бидете автентични, брзи и етични.

 

obuka za digitalen pr