Многу извршни директори велат дека се фокусирани на дигитализација на своите бизниси. Дали имаат пропуштено некои од чекорите?

Во претходниот текст зборувавме за тоа колку е важна дигиталната трансформација на компаниите. Ако сметате само на иновативната технологија што се користи во вашата индустрија, ќе се најдете зад конкурентите кои веќе го дигитализираат и автоматизираат секој процес на работењето.

 

Не е толку едноставно како склопување маса од IКЕА или LEGO коцки, кои инаку имаат вложено децении усовршувајќи ги нивните прирачници за употреба. Што ако имаше непотребни парчиња во LEGO кутијата? Или алатки кои за ништо не можете да ги употребите? Дали ќе претпоставите што треба да направите сами? Во тој случај, нивните прирачници не ви се потребни.

Тоа е причината зошто принципот на “еден модел одговара на сè” не функционира кога станува збор за дигиталните стратегии. Никогаш нема да можете да следите точна мапа бидејќи екстерните фактори секогаш ќе ви фрлат по некое погрешно парче и неочекувано обликувани алатки во вашата работа. Ова се неколку чекори, вредни за размислување пред да се впуштите во дигиталниот свет.

 

1. Што сакате да постигнете?

Пред да започнете со дигитално трансформирање на вашиот бизнис, визуелизирајте каде сакате да го видите во иднина. Јасна и концизна слика е доволен чекор за да ја стартувате промената. Процесот започнете го со размислувањето дека треба да се трансформирате и дека не постои опцијата “План Б”.

2.  Размислувајте поинаку

Можеби најтешката работа околу дигитализацијата е недостатокот на дигитално знаење и вештини. Особено за луѓето кои ја насочиле својата кариера кон полето на општествените науки како психологија или човечки ресурси. Дигиталниот начин на размислување не е врзан само за технологијата, туку вклучува љубопитност, мултидисциплинарност, на комплексни проблеми и креативност (дел од 10-те потребни вештини до 2020 година според Светскиот Економски Форум)

3. Отстранете ги блокадите на патот 

Ако сте веќе етаблиран бизнис не постои избегнување на овие промени, секако доколку сè уште се надевате на релевантност и конкурентност дури и по 10 години од сега. Преку анализа на празнините помеѓу статусот кво и крајната цел, ќе ги избегнете главните пречки како безбедност на податоците и IT системите.

4. Редефинирајте ги старите бизнис модели

Дигиталното трансформирање не е еднакво на старт од нула. Секогаш можете постоечките бизнис модели да ги подобрите преку иновации во процесите, трошоците и управување со производот.

5. Тестирајте додека трансформирате

Секој кој се обидел да го трансформира својот бизнис со цел најдобро да перформира, знае дека не е лесно. Овие промени ги следи брзо темпо и секогаш е време за тестирање. Најдобар начин да се постигне баланс е да создадете детален план, да се осигурате дека ги имате потребните вештини во вашата компанија и да се фокусирате на крајната цел.

6. Вработените мора да се дел од големата сложувалка

Дигиталната трансформација е брод кој не може да плови додека не се качат сите на палуба. Вклучувајќи го само IT секторот е една од најголемите грешки кои може да ги направите бидејќи целиот процес влијае врз секој аспект на бизнисот. Што ако ви кажеме дека секој вработен може да биде дел од вашата трансформација?

7. Тука започнува вашето дигитално дејствување

Ако помисливте дека ова е крајниот и последен чекор, ве чека многу работа. Прифатете го фактот дека ќе мора да учите додека работите и дека секојдневно ќе имате нови предизвици. Работите ќе се менуваат на дневна база, но најважно е да започнете. На крајот на денот сепак креирате нешто вредно за вашиот бизнис што ќе додаде голема вредност на целото ваше работење и ќе добиете посреќни клиенти. Никој не рече дека 21-от век ќе биде лесен.

 

digitalna motivacija na vrabotenite

 

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera, вработување, vrabotuvanje, дигитален маркетинг. digitalen marketing, кариера, нова кариера, платформа, работа, технологија . obuka, obuka za vraboteni, biznis, бизнис. covecki resursi, човечки ресурси

Related Stories For You

Како до 1.000.000€? 🤫