Деновиве не можеш да разговараш со сопственик на компанија а да не се спомне “Дигиталната Трансформација”. Но ретко која од големите компании кај нас поминала низ целосниот процес. Секој бизнис денес се соочува со истиот предизвик: Како да се трансформираат за да бидат компетитивни во оваа дигитална економија?
Дигитализацијата е повеќе од било кога во центарот на вниманието на многу компании и се случува токму сега. Многумина сè уште не ги виделе целосните ефекти, но набрзо ќе дојде и тоа. Светот постојано се менува, со нови технологии кои ги попречуваат сите традиционални индустрии додека очекувањата на потрошувачите постојано еволуираат.
Тоа што е важно денес може многу лесно да не е прифатливо веќе утре. За компаниите кои сакаат да ги задржат своите конкурентски предности не постои опцијата на заобиколување на овој дигитален свет.
Што е Дигитална Трансформација?
Се однесува на тоа како компаниите самите се приспособуваат за потребите на дигиталниот свет. Не станува збор само за надградба на технологијата туку и надградба на лидерството, стратегијата и новите начини на размислување.
Најголемиот ланец на хотели Аirbnb не поседува хотели. Најголемата такси компанија Uber нема сопствени возила и најголемата продавница во свет Alibaba нема залихи. Вредноста која тие ја создаваат за своите потрошувачи преку своите процеси е одговорот на прашањето зошто се број 1.
Зошто Дигитална Трансформација?
Ако во последните 20 години вашата компанија не применува дигитални технологии, тогаш што правите? Дигиталната трансформација не е rocket science. Сè уште постојат HR сектори кои ги бројат отсуствата на вработените рачно. Таа активност може многу лесно да се автоматизира.
Потфатот на темелни промени во деловните процеси и во бизнис моделите ќе го поттикне развојот на вашиот бизнис во правилна насока.
Од каде да започнете?
Темпото на технолошките промени и понатаму се забрзува. Во ера во која рокот на траење на вештини е помалку од пет години, од клучно значење за работодавачите е да ги прилагодат своите вработени за овие дигитални промени.
Не пробувајте да ја трансформирате целата компанија одеднаш туку започнете со мали иновации. Edward Hieatt, COO-то на Pivotal Labs вели „Не мора да го зовриете цел океан за да функционира“.
На пример, ако вашиот бизнис работи на поголеми проекти, Trello ќе ви помогне да ги организирате и приоритизирате активностите на ефикасен начин.
Овој текст е објавен во категоријата Бизнис и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera, вработување, vrabotuvanje, дигитален маркетинг. digitalen marketing, кариера, нова кариера, платформа, работа, технологија . obuka, obuka za vraboteni, biznis, бизнис. covecki resursi, човечки ресурси