Овој текст е дел од серијата бесплатни лекции од Brainster во категоријата Дигитална ТрансформацијаРегистрирај се за уште 60 бесплатни лекции за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.

Маркетинг инката отприлика оди вака: свесност, интерес, размислување, намера, евалуација, одлука. Вообичаено, маркетингот е одговорен за првиот дел од инката, а потоа продажбата го презема крајот.

Сепак, дигиталната трансформација ги промени нешатата, и ќе продолжи континуирано да ги менува улогите во таа рамка. Технологијата има воведено нови маркетинг алатки кои сосема ја промениле сликата за маркетингот. Поточно, благодарение на податоците и аналитиката, бизнисите имаат многу појасна слика за тоа кои се нивните клиенти и како да ја постават маркетинг стратегијата.

Како дигиталната трансформација ја промени маркетиг инката?

Свесност

Овај чекор на маркетинг инката е местото каде што го претставуваш твојот бизнис на потенцијалните клиенти. Ефикасен начин за да се даде позитивно светло на твојот бизнис е преку маркетинг автоматизацијата, која има интегрална улога во маркетинг инката, бидејќи докажано заштедува време и пари. CRM (customer relationship management) софтверот помага во сегментација на публиката, нуди совршени пораки за е-маил кампањи, собира лидови и го оценува напредокот. Користењето персонализирани мејлови и пораки прават клиентот да се чувстува како неговиото барање да е слушнато и исполнето. Со помош на аналитиката се повеќе бизнисите ќе знаат која е твојата публика и веќе лесно можат да предвидат кој ќе продолжи во понатамошна конверзија.

Интерес

Откако направи добар впечаток, твојот клиент влезе низ маркетинг инката и изрази интерес за твојот производ или услуга. Анализата на твојата публика ќе ти покаже каде се твоите потенцијални клиенти и кои пораки најверојатно ќе го намалат нивниот интерес. Податоците собрани од Google Analytica нудат богатство на информации од демографијата на потрошувачите и клучните зборови кои ги употребиле за да стигнат до твојата страна. Сега кога веќе знаеш кои се твоите клиенти полесно е да им го дадеш она што го сакаат. За да го задржиш интересот на твоите потенцијални клиенти во овој дел од инката, не ги оптеретувај со податоци кои се ирелевантни. Работите како цената на пример не се најважни во овој дел од инката. Тука станува збор за искуството кое ќе му биде пренесено на потенцијалниот клиент.

Размислување

Во овој дел од маркетинг инката време е да се претвори интересот и разгледувањето на производот на потенцијалните клиенти во некаква акција. За да се направи тоа повторно е потребна анализа за да се одредат какви било дополнителни пораки кои ќе направат разлика. Со информациите добиени од генерираниот заеднички интерес во горниот дел од инката, дигиталниот маркетинг ефективно ги транзитира купувачите од „Ми се допаѓа“ до „Го купувам.“

Намера

Оваа фаза на инката е моментот кога клиентот ја става својата нарачка во кошничката. Тука можеш да искористиш chatboots за да одговориш на неговите прашања.  Целта е продажбата да се затвори тука, но ако клиентот само ја остави порачката во својата кошничка и не продолжи со плаќањето, време е за враќање во претходните фази. Дури и ако некој клиент ја напуштил страницата AI ги користи собраните информации за да го потсети клиентот на „Заборавениот производ“.  За тоа време AI им нуди на клиентите или некаков попуст или промоција за да ги врати назад кај кошничката. Овој тип на маркетинг одлично функционира и во најголем дел од случаите продава.

Одлука

Тимот за продажба тука превзема акција за да ја заврши трансакцијата, но со мала помош од AI. Целта не треба да е само затворање на продажбата. Треба да се стави фокусот на заслужување на довербата  ефикасно создавајќи лојални клиенти кои доаѓаат повторно. Дигиталната трансформација продолжува да ја менува маркетинг инката, прилагодувајќи се на искуството на купувачот на секој негов чекор. За ефикасно да се измери успехот, продавачите мора да создадат податоци базирани на аналитика, кои ќе дадат повратни информации од клиентите како непроценлив дел. Прифаќањето на вистинската технологија овозможува добри маркетинг стратегии кои ги едуцираат и инспирираат клиентите, создавајќи трајна, лојална база на клиенти.

 

Што сакаш да научиш следно? Одбери ја темата која сакаш да ја истражиш, и со брза регистрација стигни до 60 бесплатни лекции кои ќе ти пристигнат на е-mail.

Платформата Brainster лекции произлезе од неколкумесечната едукација преку работа на реални проекти на нашите студенти. Учесниците од Академијата за програмирање и учесниците од Академијата за маркетинг ја креираа оваа алатка преку која секој може да стекне вештини за Маркетинг, UX/UI Design, Project Management, Growth Hacking, Дигитална Трансформација и Кариера.