Запознајте ја Катерина Неделкоска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец јуни 2022.

 

Име и презиме: Катерина Неделкоска

По професија: Студент по бизнис логистика

Академија: Академија за Дигитален Маркетинг

Зошто баш дигитален маркетинг: Во прва година на факултет, маркетингот ми беше омилен предмет, но новите случувања во светот нѐ предизвикаа сите. Дигиталниот маркетинг ми беше сфера каде ќе можам постојано да учам и да ја истакнам мојата креативност.

Што те мотивира постојано да учиш: Динамичниот развој на технологијата. Сакам да учам нови работи од различни сфери.

Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Како маркетерите размислуваат! Кога бев на почеток од Академијата сфатив дека маркетерите мора да имаат податоци, да ги анализираат, мерат и корегираат. Поврзаноста и цикличното работење е клуч на успех во маркетингот.

Омилен модул и зошто: Тешко прашање, сите модули се интересни на свој начин. Предавањата за Google Ads и Copywriting ми беа едни од најинтересните. Исто така, градењето на Landing page бидејќи немав никаво предзнаење како функционира WordPress.

Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите инструктори се неверојатни професионалци во својата работа. Предавањата на Ива кои како да траат 15минути, искуството од Марко при креирање на реклами на социјални медиуми, подготвеноста на Дарјан ме воодушеви, посветеноста на Златко и сите останати.

За 5 години сакам да бидам: Вработена како маркетер во супер компанија, каде ќе можам да се пофалам со искуство и надградени вештини.

Хоби: Во слободно време сакам да планинарам, да слушам добра музика и секако да патувам.

Омилена книга: The Infinite Game – Simon Sinek

Омилен цитат: “Success happens outside of your comfort zone.”

 

Уписите за следната група на Академијата за дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!

Закажи средба со нашиот student success manager за повеќе насоки и детали за програмата!