Запознај ja Елена Атанасовска – Dream Team студент на Академијата за дигитален маркетинг за месец април 2023.
Име и презиме: Елена Атанасовска
По професија: Safety and afterhours specialist in transportation company
Академија: Академија за дигитален маркетинг
Зошто баш оваа област: Затоа што сите знаеме дека иднината ни е целосно дигитализирана. Долго време пред да започнам со изучување на Aкадемијата размислував кој избор е за мене и крајна одлука беше дигиталниот маркетинг бидејќи е совршен спој на аналитика и креативност, области во коишто секојдневно сè повеќе и повеќе се пронаоѓам и сакам да продолжам да се развивам.
Што те мотивира постојано да учиш: Потребата за надградба на моето знаење, како и желбата да преземам акција која ќе ме води по патот на една од најкреативните професии на денешницата.
Најинтересната работа што ја имаш научено на Академијата: Дефинитно Google ads, многу интересна и предизвикувачка област. Изучувајќи како деталното да пребаруваме и имплементираме клучни зборови и креирањето на Google ads кампањи во можност сме да обезбедиме и одржуваме број на кликови со кои ќе бидеме пред конкуренцијата и секако на врвот.
Омилен модул и зошто: Сите модули се интересни и од секој може да се научи многу корисни работи, но ако би издвоила еден најпредизвикувачи досега би рекла дека е модулот Google advertising. Ми беше доста интересно и сакав да го научам перфектно. Исто така, голем предизвик ми е моментално изучувањето на модулот SEO бидејќи сметам дека е од исклучителна важност.
Кој инструктор ти остави најголем впечаток: Сите ментори се вистински професионалци во своите области, би ги издвоила Ива Дујак и Златко Матески. Инструктори кои беспрекорно ги пренесуваат своите знаења.
За 5 години сакам да бидам: Да станам успешен дигитален маркетер и да се развивам сè повеќе и повеќе во оваа професија.
Хоби: Патување, планинарење и готвење.
Омилена книга: „Кафка на брегот” – Харуки Мураками.
Омилен цитат: „Ако го даваме најдоброто од себе, тогаш ние сме успешни. Успехот е максимално искористување на можностите кои ги имаме.”
Уписите за следната група на Академијата за Дигитален маркетинг се во тек! Интересот е преголем и бројот на места – ограничен, затоа резервирај го твоето навреме!
Закажи средба со нашиот student admission team за повеќе насоки и детали за програмата!