Во последните неколку години, интересот за професијата data analyst драстично порасна. И тоа не е изненадување, со оглед на количината на податоци што постојано ја создаваме. Со развојот на вештачката интелигенција, автоматизацијата и дигиталната трансформација, улогата на дата аналитичарите станува сè поважна. Тие играат клучна улога во идентификување трендови, оптимизација на процеси и креирање стратегии кои директно влијаат на идните иновации и економски развој.



👉 Митот за математиката и програмирањето
За да станеш дел од нашата Академијата за DATA ANALYTICS не мора да имаш напредни познавања од математика, статистика или програмирање. Додека основата во овие области може да ти помогне, тоа не значи дека оваа професија е недостижна за луѓе од други професионални или образовни позадини. Дури и без предзнаење, со правилна посветеност и вистинските алатки, можеш да ја совладаш дата анализата и да започнеш успешна кариера.


👉 Бреинстер ќе ти помогне да го истакнеш твоето портфолио
Една од најважните работи што треба да ја направиш за да се издвоиш на пазарот на труд е да имаш портфолио со завршени проекти. Како почетник, твоето портфолио може да вклучува проекти од твоите студии на академијата. На Brainster Академијата за Data Analytics, не само што ќе учествуваш на хакатони, туку и ќе работиш на реални проекти со поддршка од нашите партнери. Ова искуство ќе ти помогне да го изградиш своето портфолио уште од самиот старт, што ќе те стави чекор понапред на пазарот на труд.
Токму затоа, ја создадовме Академијата за DATA ANALYTICS со помош на нашите партнерски компании Sparkasse Bank, Sopro и Johnson Matthey.

👉Што ќе научиш?
За само 8 месеци, ќе ги совладаш сите потребни вештини за да станеш професионален data analyst. Ќе учиш како да користиш Excel, GIT, SQL, Power BI, Tableau, Python и други алатки што ќе ти помогнат да донесуваш информирани и значајни одлуки. Со ова знаење, ќе бидеш подготвен за предизвиците на дигиталната економија.
👉 Потребна е посветеност, но наградата е голема
Учењето како да анализираш податоци бара интензивно учење, посветеност и многу практична работа. Ќе има моменти кога ќе се чувствуваш заглавено или ќе мислиш дека нема напредок, но важно е да се одржи оптимизмот и фокусот. На крајот, резултатот е кариера во која секојдневно носиш значајни одлуки базирани на податоци – вештина што денес е скапоцена.
👉Запиши се на листата на чекање
Ако сакаш да ја започнеш својата кариера во data analytics и да научиш од најдобрите во индустријата, не чекај! Запиши се на листата на чекање и резервирај го твоето место уште денес. Влез на патот кон една од најбараните професии и осигурај ја твојата иднина!