Ксенија Мицкова Димитрова: Сакам да ги знам маркетинг тајните

Фармацевт со големо искуство во продажба и маркетинг, во фармацевтската дејност. Сака да научи дигитален маркетинг за да биде во тек со трендовите, а во иднина можеби ќе основа свој стартап! Запознајте ја Ксенија – моментален учесник на Академијата за маркетинг.

 

Здраво Ксенија! Веќе помина некое време како си дел од Академијата за маркетинг. Зошто реши да си дел од оваа 16 неделна и интензивна програма?

За Brainster и Академијата за дигитален маркетинг дознав од Facebook. Ја прочитав програмата и знаев дека е вистинскиот избор за мене. Трае 4 месеци, се учи од најдобрите маркетери во Македонија и се работи на реални проекти. Клучен момент за одлуката беше запознавањето на Петар и неговата енергија и ентузијазам.

Сподели ни како најефикасно учиш и го применуваш знаењето од часовите?

Реалните проекти се вистинскиот начин на учење, секако поткрепени со теорија прераскажана преку сопствено искуство. Токму тоа несебично споделување на искуството (добро и лошо) го ценам најмногу кај Brainster-ските инструктори. Најефикасно учам и воедно го тестирам наученото при изработка на домашните задачи, кои ги имаме секојдневно како дел од програмата.

Кои 3 работи што ги научи до сега ти беа фасцинантни и вистинско откритие? 

E-mail маркетингот и моќните алатки кои го прават толку едноставен и забавен за работа. Воедно истиот е најефикасен тип на дигитален маркетинг за генерирање на лидови.

Втора фасцинантна работа што ја научив во Brainster е дека позади секој бренд постои пример од еден од 11те карактери на луѓето.

Вистинско откритие ми беа многубројните бесплатни алатки кои ја прават работата уживање 🙂

Што ти влијае најмногу на начинот на кој се развиваш како маркетер? Некој од инструкторите кој ти оставил највеќе впечаток или можеби некој ресурс кој би го издвоил?

Колегијалноста на студентите и чувството на припадност во фамилијата на Brainster што ни го даваат Brainster-ите ми дава самодоверба во мојот успех како маркетер. Во врска со инструкторите, морам да кажам дека Александра од Brainster ме освои скроз и џабе им се референците на двајцата врвни инструктори од странција! 😀

Што сакаш да усовршиш во моментов, а што сметаш дека ќе те направи генијален маркетер во иднина?

Во моментот учиме маркетинг на социјални мрежи и сакам да ги доусовршам сите нивни мали и големи тајни за да бидам успешен маркетер 🙂

Кои се твоите очекувања по Академијата и кој дел од маркетингот уживаш да го работиш најмногу? 🙂

Моите очекувања од Академијата се да го зграбам целото знаење и во иднина Brainster да се гордее со мене. А што сакам најмногу од маркетинг се уште не сум сигурна (имам уште 8 недели да дознаам).

Што би им препорачалa на новите учесници за следните Академии

Новите студенти нека бидат спремни за многу работа, многу домашни задачи и супер атмосфера за учење!

akademija za marketing makedonija

 

 

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje. академија за маркетинг скопје, академија за маркетинг.

Како до 1.000.000€? 🤫