Успешна приказна: Александра од Академијата за маркетинг

Целта на Marketpreneurs Академијата за маркетинг  е дигитална кариерна трансформација преку работа на реални проекти. Најдобрите, нормално, ги задржуваме кај нас. Ова е приказната на Александра, новиот диги-маркетер во Brainster.

1. Кажи ни за тебе, што работиш?:)

Он-д-лајн, dreamer и ентузијаст за се што ми е ново и непознато. По талкањето низ традиционалниот маркетинг, слетав на дигитален маркетинг, бескрајниот рудник на новости и измислици. Понекогаш се чувствувам како да работам на виртуелно игралиште кај што секој ден добиваме нови играчки! Пред академијата, мал дел од мојата работа беше диџитал но ми беше омилен дел кој сакав повеќе да го истражам.

2. Како заврши во Brainster, зошто се реши да аплицираш на Академијата за маркетинг?

Видов дека така најбрзо можам да ги пополнам празнините во знаењето и искуството. Завршив Финансиски менаџмент, работев офлајн и онлајн маркетинг за интернационална компанија скоро 4 години, ама не ми беше баш јасно кој е следниот чекор. Во програмата на Академијата видов дека постои a whole new world во кој можам да се пронајдам и да откријам што ми лежи најмногу.

3. Епа, откри? 🙂

Уживам да смислувам креативни Growth hacking решенија, да пишувам контент, да правам њузлетери и да галамам на Social Media. Во иднина планирам да станам комплетен нинџа маркетер-дизајнер што никогаш не утнува со visuals 🙂

4. Како си помина на Академијата? Сподели некое искуство:)

Уште ми е нереално каква трансформација ми се случи од март до сега. Бев во исто време и на пракса во Brainster, и на Академијата. Морав да ја свртам игрицата во рекордно време. Дефинитивно е ултра-интензивна програма и не можеш да се вклучиш just for fun. Во 16 недели е компресирано целото знаење што треба да го стекнеш за онлајн маркетинг, а тоа бара многу труд. Покрај тоа што ми се сврте светот наопачки, запознав кул луѓе со кои сè уште се дружам.

5. Број 1 совет за успешна кариера?

Во моментите кога не знаеш кој пат да го фатиш, треба сам да си направиш клизач и да се предизвикаш со најтешкиот предизвик што ќе го најдеш. Започнувањето на нешто ново е една од најстресните и највозбудливите работи – почетник си во море од експерти. Затоа читај, прашувај и пробувај.  Не барај short-cuts, мораш да го изодиш патот.

Прочитај повеќе за Академијата за дигитален маркетинг тука.

Овој текст е објавен во категоријата Маркетинг и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za google ads, курс за google ads, обука за google adwords, digitalen marketing skopje

Related Stories For You

Аплицирањето за ваучер заврши!