Им поставивме неколку прашања на четири студенти од Академијата за дигитален маркетинг кои поради моменталните услови, привремено започнаа со часови во нашата виртуелна училница! Тие ни го раскажаа нивното досегашно искуство на Академијата и како се одлучија за дигитален маркетинг.
Позборувавме со Анастас Гоџо – дипломиран професор по филозофија, Ване Маркоски – ТВ и радио водител во „Канал 5“ и Радио 2 МРТ, Ивана Трпевска – дипломиран физиотерапевт и Мануела Петревска – дипломиран економист.

Останаа уште само 2 слободни места на Академијата која започнува на 22ри мај! Аплицирај ТУКА.

Зошто се одлучивте за дигитален маркетинг и како дознавте за Brainster?

Анастас: За Brainster дознав од пријател, а се одлучив за дигитален маркетинг поради актуелноста на самата професија и зголемената потреба од истата на пазарот.

Ване: Се почна од муабети на мој круг пријатели кои успешно завршуваа некои од Академиите во „Brainster“. Следуваше мој интерес. Гледајќи ги нивните промени почнав да истражувам, ја посетував често веб страната, одговарав на квизови, се интересирав за успешните приказни. Веќе од тука тргна нашата two way комуникација и носењето на мојата одлука за Академијата Дигитален маркетинг.

Ивана: Некако професијата ме пронајде мене. Покрај регуларната работа, имањето freelance работа што беше пишување содржина на англиски го промени мојот свет. Дигиталниот свет и луѓето што ги запознав заедно со слободатада работам од било кој крај на светот кога мене ми одговара, беа клучни за јас да ја променам својата професија. Во тој период кога ја донесував својата одлука, имав веќе слушнато за Brainster од пријатели кои беа презадоволни, а и имав прочитано доста успешни приказни на луѓе што успеале во тоа што јас сакав да го направам – па си реков why not?!

Мануела: Со оглед на фактот што изучував маркетинг на економски факултет, отсекогаш ме интересирала таа професија, конкретно дигиталниот маркетинг бидејќи тоа е иднината на секој бизнис. Најдобар начин за изучување на тековните трендови на одредена индустрија се курсевите и Академиите.

Какво е искуството да учиш во Online Classroom и колку брзо се адаптиравте на ваков начин на учење? 

Анастас: Искрено, пред да почнеме бев скептичен, но како што се развива програмата, сфаќам дека учењето од дома си има и свои предности, поготово со оглед на тоа што изучуваме една дејност која користи дигитални алатки.

Ване: Очекувањата за промени кои би ми ги донела Академијата во иднина се големи, па самото тоа си го донесе и стравот од ова „ново“ учење. Но, се тоа „падна“ во вода уште првиот час. Бев многу пријатно изненаден од Online Classroom. Можноста за снимање на часовите е првата и најважна најдобра страна од ова искуство. Кога немаме предавања, ги гледам тие што веќе сме ги поминале и мислам дека нема нешто што можеш да го пропуштиш.

Ивана: Искрено отсекогаш сум сметала дека класичните предавања се незаменливи особено the-one-on-one contact и физичката интеракција. Така на почетокот малку ми беше необично меѓутоа сега сум #1 fan! Тоа што не мора да губам време за да физички отидам до негде, плус тоа што секое предавање е снимено и можам кога сакам да го гледам ми е win-win ситуација.

Мануела: Иако офлајн предавањата во реално време имаат дополнителни предности, сепак брзо се снајдовме и адаптиравме на новонастанатата ситуација и онлајн предавањата. Сето тоа, го придонесоа и самите инструктори и координатори, бидејќи се секогаш достапни за нас.

Дали би го препорачале периодов на седење дома за изучување на нова вештина?

Анастас: Секако, не само што се здобиваме со нови знаења, туку и забавно и корисно го пополнуваме слободното време.

Мануела: Единствена паметна и корисна работа во ваква ситуација е надградување на самиот себе и учење на нови вештини (добро, освен готвење за време на карантин). Со Brainster и нивните предавања си секогаш во тек со настаните и целосно ги поддржувам што не дозволија текот на Aкадемија да запре!

Раскажете ни до сега за искуството на Академијата за дигитален маркетинг?

Мануела: Со еден збор, ОДЛИЧНО. Иструкторите се неверојатни со нивната посветеност да ни го пренесат знаењето и искуството кое го имаат, a часовите се динамични и интерактивни.

Ивана: Импресионирана сум од инвестираноста и посветеноста на професорите кое е на невидено ниво, тие се постојано достапни да одговорат на сите прашања и да достават дополнителни материјали, презентации, примери, па и дополителни часови. Сметам дека тоа е многу важно.

Ване: Одлични, модерни предавања, каде инструкторите и учениците се екипа. Од групата се гледа дека внимателно е направен изборот на учесници.

Анастас: Интерактивно, без некоја надменост од страна на инструкторите. Буквално имате чувство дека сте излезени на неформална дружба.

Што едвај чекате да почнете да учите, до кој модул едвај чекате да стигнете?

Ивана: Сега за сега, некако најинтересно ми делува SEO, меѓутоа сепак едвај чекам да ги завршиме сите модули па да си го одберам својот правец.

Анастас: До модулот Google Ads со Калин Марковиќ, грофот радишански.

Ване: Баш периодов кога одговарам на прашањава го стартувавме модулот „Content marketing“ и ќе кажам ТОА Е ТОА. Тоа сум јас во овој дигитал маркетинг свет. Секогаш ќе има една работа по која ќе „трчате“ ко на маратон, додека го работите ова. А за мене Content Marketing е алатката која ќе има предност за работа.

Мануела: Едвај чекам да ги почнеме работилниците, каде ќе ги примениме вештините кои сме ги изучувале до тогаш.

Што би им препорачале на оние кои размислуваат да започнат кариера во оваа професија?

Ване: Начин постои. Нема потреба од тупење мозок со прашањето: Што ако…? Brainster имаат измислено се’, ти треба само да земеш залет, додека е време, пошо дигитализацијава гази.

Мануела: Почнете сега, денес. Не чекајте утре за инвестирање во себеси. Светот и трендовите се менуваат а од вас се очекува да ги следите.

Анастас: Дефинтивно да се охрабрат и да го направат овој чекор, бидјеќи на пазарот и те како му се потребни нови и свежи маркетери.

Ивана: Ги охрабрувам да не се двоумат! Сметам дека живееме во време кај што имаме многу можности, многу ресурси и би било штета да не се „зграби” сето тоа.

Ако и ти размислуваш да започнеш ваква кариера, разгледај ја програмата на нашата Академија и аплицирај уште веднаш!