Дигитален маркетер, инструктор по Google Ads на Академијата за дигитален маркетинг, металец и едноставно пријател човек, Калин или како што повеќето го знаете, Каљо, ни раскажа за неговото искуство во светот на дигиталниот маркетинг во неговата 7 годишна кариера. Сите што не го знаете, запознајте го преку овој наш краток разговор со него!

Колку време се занимаваш со дигитален маркетинг и колку кампањи имаш зад себе?

Активно, се занимавам со дигитален маркетинг 7 години. Точно колку кампањи имам зад себе навистина не знам и не бројам, ама дефинитвно се доста. Со оглед на тоа дека работев за една компанија повеќе од 4 години, која имаше пет или шест партнерства што ги менаџирав, како и клиенти на кои бевме extended тим, претпоставувам дека сум некаде длабоко во стотките. 

Зошто ја одбра оваа професија? Кога знаеше дека сакаш да се занимаваш со маркетинг? 

Пред да сум дигитален пазарџија (oгласувач), сум комуниколог. До денес сметам дека комуникациските науки се најдобрата основа  за работење маркетинг и упорно стојам зад тоа. Маркетингот го работам од причина што е една од најинтересните и динамични професии денес, а и од дете имав афинтет да фантазирам, да пишувам и секако понекогаш да тропам глупости. Дополнително, да работиш во формално образование или на истражувања ретко носат леб на маса, но истото не важи и за дигиталниот маркетинг. Да не ме сфатите погрешно, не е дека ќе возите Масерти со дигитален маркетинг, ама е доста барана професија во Македонија, а и светот. За леб не се трпи. 

Најомилена кампања и зошто? Исто така и дали имаш најмалку омилена?

No bullshit, ако веќе бирам, омилени кампањи ми се сите Google мини кампањи со групите во Brainster. Група од 20 луѓе, најголем дел од нив без никакво претходно искуство во Google ads, заедно изработуваат кампања и носат вредност на клиенти, тоа ми го грее срцето во студените зимски ноќи. ☺
А неомилена… сите што ги работев во рамките на една компанија за микрофинансирање. Не за друго, се чувствува како дел по дел ја продавам душата на ѓаволот кога луѓето дигаа кредит. Фала му на Леми, се’ тоа заврши брзо!

Раскажи ни некоја интересна, немила случка или грешка во текот на кариерата?

Грешки мал милион секако. Како интересна, немила случка, би го истакнал целокупното 5 месечно искуство во индустријата за миркофинансирање, како и врвот и мојата последна обврска во истата –  водење на live лотарија во рамките на мојот претпоследен работен ден. Среќа оваа проклета харизма успеа да ме извади во добро светло во тие пеколни 30тина минути, ехеххехеех. Секако не би го правел ова пак, никако. 

 Раскажи ни за искуството како инструктор на Академијата за дигитален маркетинг во Brainster? 

Дефинитивно едно од моите најдраги работни искуства. Колегите инструктори се апсолутни цареви, Дарјан и Дарко се постари батковци од кои имам многу научено кога почнував со маркетинг, а ми е супер што денес можам да стојам рамо до рамо со нив, искрено ми е чест. Стефан ми е Brosef Stalin повеќе од 10 години и еден од тројцата металци инструктори на Академијата што докажува дека металот е суперирорна музика од секој аспект.
Студентите, кои се луѓе од најразличен профил и возраст, исто се покажаа како тотални цареви. Фактот што работиш со 20 луѓе, кои за две недели прават кампањи на Google и најголемиот дел излегуваат со супер основа и ова го применуваат за нивниот бизнис или бизнисите за кои работат, е нешто што ретко која образовна инстутиција може да се пофали дека го постигнува. Дополнително, до сега, атмосферата на часовите мене лично ми е ТОП!

На кој начин и со што можеме да станеме уште подобри маркетери? What’s your ‘extra mile’?

Секогаш инвестирајте во учење нови технологии. Да се разбереме, не дека се’ што е ново е добро и вреди, ама подобро е да бидете она што го викаат early adopter или на нашки рани присвојувачи на технологии, наместо да се прашувате што како и зошто откако веќе boom-oт се случил.
Многу поважно од ова – ИНВЕСТИРАЈТЕ ВО ЛУЃЕТО околу вас. Маркетингот е тимска работа и градење на однос и меѓусебна поддршка во рамките на тимот, како и во маркетинг заедницата од која сакале или неќеле сте дел, е разликата меѓу „Еј брат нешто рчкам работам маркетинг, пуштам кампањчиња“ и „Тимот денес донесе 12.000 евра профит од кампања со буџет од 150 евра“.

Што би им препорачал на идните маркетери или оние кои размислуваат да започнат ваква кариера?

Очигледно, слушањето метал многу помога. 🙂
Не се плашете да грешите, грешете колку што ви се дозоволува. Инвестирајте во себе, но и во луѓето со кои работите. Маркетингот е динамична професија која бара од вас да бидете подготвени на брзи промени. Доколку сакате да почнете или веќе сте почнале со маркетинг, имајте на ум – пораките кои ги создаваме ги тераат луѓето да прават одлуки – па гледајте истите да бидат добри. Како пораките, така и одлуките.

Уписите на Академијата за дигитален маркетинг се во тек и останаа уште неколку слободни места. Аплицирај ТУКА!