Емануел од NewMediaMK: Изработив сопствено лого од почеток до крај

Побарувачката за дизајнери на пазарот на труд е поголема од било кога. Со Емануел се дружевме на минатиот Курс за Лого Дизајн и своето искуство ќе го пренесе на оние кои сакаат да ги зајакнат своите дизајнерски способности преку креација на професионално лого ?

Емануел, кажи ни нешто повеќе за тебе! 

Здраво дечки, јас сум Емануел работам како графички дизајнер во New Media MK. Учам нови работи секој ден, цртам во слободно време, сакам да внесам некоја уникатност, нешто ново во тоа што би сакал да го дизајнирам во иднина (се надевам ☺), секојдневно си поставувам некаков предизвик, со цел да научам нешто ново.

Зошто се одлучи да бидеш дел од Kурсот за лого дизајн? 🙂

За потребите на еден клиент, требаше да се изработи лого, пробав, видов дека имам простор за подобрување☺. Добив препорака, да одам на курсот за лого дизајн кај Дани Јанев, потребно ми беше некој да ме усмери како да изработам едно добро лого, да го пополнам оној недостаток на знаење кое што очигледно го немав.

Што научи и што е најбитно во процесот на креирање добро лого?

На курсот за лого дизајн ги научив фундаменталните работи на дизајнирање лого од почеток до крај. Би им препорачал на сите оние кои што ќе се одлучат за овој курс, дека не е најбитно каква боја ќе вметнеш во самото лого, или големина, фонт. Да, деталите се од важност, но треба да се даде повеќе фокус на процесот за добивање на крајниот производ. Нешто слично како гледање емисии за готвење. Не е битно дали ги следиш правилата на рецептот, туку процесот на неговото созадавање. Ако се совлада сето ова, во иднина ќе биде многу полесно за било која идеја, технички да се оствари многу лесно, како и чувството за естетика.

Како изгледа едно предавање на Дани Јанев? На што работевте? 🙂

Mи се допадна начинот на собирање идеи, како да дојдеш до една нова уникатна идеја. Како да ја надминеш толпата од дизајнери и да бидеш секогаш чекор понапред со својата уникатност и креативност. Начинот на истражување кој Дани Јанев го употребува знае навистина да помогне.
Како за крај би го спомнал проектот кој што го имавме за време на курсот. Креирање на логоа, за неколку актуелни натпревари кои беа во потрага по најдоброто лого. Ми се допадна тој начин на работа бидејќи дефинитивно помогна доста, но и далеку повеќе се учи преку тој тип на работа. Ги употребивме сите елементи кои што ги научивме на курсот, за да создадеме свое креативно лого.

logo dizajneri dani janev

 

 

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.