Во Brainster, главна тема на разговор ни се дигиталните вештини. Kога одлучуваме да поставиме курс, секогаш се прашуваме: Што треба да научат тие што сакаат да се во тек на дигитален план? Design your own logo anyone? Дани Јанев ќе не води низ процесот од почеток до крај. Кога ќе заврши курсот, секој да излезе со свое лого. Идејата е учесниците да научат преку работа.

Дани, Што можеме да очекуваме од Курсот за дизајн на лого?

Сите учесници можат да очекуваат да научат нови алатки и ефекти за покреативен и up-to-date дизајн на лого.

На какви задачи ќе работиме?

Практични задачи, со реален бриф, клиент, и испорака. Идејата е да го научиме процесот на лого дизајн, онака како што би се одвивал работејќи за реален бренд.

Кому го препорачуваш?

На сите оние графички дизајнери и фриленсери кои работат во Adobe Illustrator и сакаат да научат како професионално се изработува лого за еден бренд.

Зошто е ова еден од најкул курсевите што сме ги имале во Brainster? 🙂

Кул е пошто не е по класична програма, се учат практични вештини и совети од како да комуницираш со клиент до како да имаш поголемо и поквалитетно портфолио, со уникатни case studies на познати брендови. Учесниците ќе добијат многу бесплатни ресурси, од бриф преку фонтови до книга од smashing magazine и brand guidelines.

dani janev

 

Овој текст е објавен во категоријата Инструктори и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za marketing, obuka za internet marketing skopje. obuka za facebook, обука за маркетинг. kurs za logo dizajn, digitalen marketing skopje, makedonija. dizajner

Related Stories For You

Аплицирањето за ваучер заврши!