Преквалификацијата е лесна ако ја сакаш новата професија

Еден дипломиран инженер по прехранбена технологија и еден царински застапник се дел од тимот програмери кој стои зад side проектот на WeAreLaika под назив Balkans Infographic. Како студенти на Академијата за програмирање Иван Микулец и Христијан Митрески беа вклучени во реализирање на овој проект. Тукушто ја започнаа нивната програмерска кариера, а веќе работат на доста амбициозен проект кој за цел има да го мапира расположението и интересите на целиот ИТ сектор во регионот. Овој проект е само еден дел од реалните проекти кои студентите на Академиите во Brainster ги изработуваат со цел да стекнат доволно практично знаење и искуство за да можат веднаш да почнат да работат во соодветниот сектор.

Претходно зборувавме со дел од тимот кој го работеше front-end делот а овој пат зборуваме со тимот кој стои зад back-end делот на целиот проект, за нивното искуство на Академијата како и за сите предизвици со кои се сретнаа работејќи на овој проект.

Уписите на Академијата за програмирање се во тек. Доколку размислуваш за слична кариера целата програма и сите детали за Академијата можеш да ги пронајдеш тука.

Двајцата доаѓате со background нетипичен за еден програмер. Едниот е дипломиран инженер по прехранбена технологија, а другиот веќе седум години работи како царински застапник во шпедиција. Од каде воопшто интерес за програмирање, како се решивте да ја смените кариерата целосно и дали имавте некакво предзнаење кога се работи за програмирање?

И.М. Претходно работев во месна индустрија, а подоцна како имплементатор на ЕРП софтвер во софтверска фирма. Во текот на моето работно искуства прилично се запознав со работата со бази на податоци и увидов дека имам потенцијал и логика да се занимавам со програмирање. Сакав моите солидни познавања на SQL да ги надополнам со вештини во кодирање, за да напредувам во мојата кариера.

Иван Микулец

Х.М. Јас веќе седум години работам во шпедиција и сфатив дека ми треба некаква промена. Ми требаа нови предизвици, нова област во која постојано ќе учам и ќе се надоградувам. Јас немав никакво претходно искуство со програмирање пред да се запишам на Академијата, само неколку кратки онлајн курсеви кои ги гледав откако се запишав на Академијата се до почеток на предавањата.

Правењето на веб-инфографикот беше прв поголем предизвик кој го имавте на Академијата. Требавте да направите целосно функционален сајт како тим составен од front-end и back-end девелопери. Какво беше вашето искуство?

И.М. Секако еден од првите пообемни проекти. Стекнавме големо искуство, од поставеноста на MVC приниципите на еден реален проект со реални барања, а се запознавме и со важноста од комуникација и соработка со останатите колеги кои беа вклучени во проектот, особено што бевме вклучени како back-end тим, додека други колеги го работеа front-end делот.

Х.М. Одлично и непроценливо искуство. Имавме уште 2-3 поголеми проекти на кои работевме самостојно, меѓутоа инфографикот ни беше еден од најинтересните бидејќи работевме сите заедно како тим во кој секој си ја знаеше својата улога.

Кои ви беа најголемите предизвици со кои се сретнавте при работење на овој проект?

И.М. Секој дел е предизвик за себе. Со некои работи прв пат се сретнав и морав да ги истражам, да ги разберам. Секако и комуникацијата со останатите колеги, усогласувањето на нашите ставови со цел избор на најдобро решение.

Х.М. Организацијата и комуникацијата во тимот ни беше нешто ново, сѐ друго веќе сме го работеле на другите проекти, така што можам да кажам дека тоа ни беше еден предизвик со кој се справивме и подобро од очекуваното.

Да ли мислите дека е важно работење на вакви проекти во текот на Академијата и што е тоа што најмногу научивте во целиот процес?

И.М. Би рекол дека е задолжително, во согласност со времето кое го имате на располагање. Со вакви проекти добивате појасна слика колку знаете, колку можете, но и колку уште треба да научите. Но секако, добивате искуство кое ќе биде многу важно во вашата понатамошна кариера. Во овие проекти го искористувате целиот потенцијал на Академијата и стручните луѓе кои ги имате на располагање, бидејќи решавајќи реални проблеми, прашувате конструктивни прашања, барате ефективни решенија, се ослободувате од обврската да бидете ученик кој решава задачи, туку вие градите нешто свое, во кое вашите ментори ви помагаат, но сепак правите нешто свое.

Она што најмногу го научивме е дека ништо не е конечно, дека сѐ може да се подобри, дека е многу важно во програмирањето да го одредите својот пат, својот начин на решавање на проблеми, но и да прифатите и други мислења, ставови, да не се откажувате.

Х.М. Секако дека е важно. Со работа на реални проекти всушност се запознаваш со проблемите кои те чекаат во иднина.
Она што би го издвоил како голема лекција од целиот процес е како е да се биде дел од тим кој работи на целосен проект и да создадеме комплетно решение почнувајќи од нула.

Христијан Митрески

Доста голем број од луѓето кои аплицираат на Академијата за програмирање првично мислат дека програмирањето не е за секого и дека можеби не треба да аплицираат бидејќи „нема да ги бива“. Кој е ваш совет за некој што се размислува да се запише на Академијата?

И.М. Сѐзависи од вас. Бара многу труд, залагање и слободно време, но се исплати ако истраете. Секој пред да се запише мора да знае што значи да програмираш, дека ќе решаваш математички и логички проблеми, да го сакаш тоа. Човек не може да се преквалификува ако не сака да ја работи новата работа. Секако, и тука има мали разлики, некој посистематичен би одбрал бекенд, некој поестетски настроен би одбрал фронтенд, на крај тука е и тимот на Brainster кој секако низ разговор со вас ќе ве насочи за што да се определите. Но пред сѐ, одете на Академија ако саката да го работите тоа, не затоа што сите одат. Понатаму со труд и залагање може да постигнете многу.

Х.М. Ви требаат само желба и посветеност и ништо не е невозможно. „Не ме бива“ не е изговор.

Какви се вашите планови за во иднина? Во која насока би сакале да оди вашата кариера?

И.М. Јас веќе работам како програмер во фирма за ЕРП софтвер.Благодарение на Brainster, успешно се преквалификував и го работам она што низ годините сфатив дека го сакам. Во иднина секако се гледам во оваа бранша.

Х.М. Себеси се гледам во оваа област и се надевам набрзо ќе најдам пракса и работа.

 

Доколку размислуваш за промена или започнување на нова кариера, разгледај ги програмите на нашите академии: Академија за програмирање, Академија за Data Science, Академија за дигитален маркетинг и Академија за дизајн. Уписите се во тек.

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

11 Компании. 110 Студенти. 1000€ Ваучер.