Да се биде менаџер е навистина тешко. Токму затоа и се напишани речиси 12 илјади книги на оваа тема.
Па, си ја знаеш работата со компјутерската наука, пишуваш редови предобри кодови и имаш совладано повеќе од еден програмерски јазик. Веќе си софтвер инженер. Одлично. Но дали е ова доволно за тебе? Можеби да. Но можеби си еден од оние кои се замислуваат како дел од најдобрите софтвер инженери кои водат цели тимови, заработуваат многу повеќе пари и продаваат прекрасни производи…
Во тој случај, да бидеш талентиран софтвер инженер нема да биде доволно за тебе ако сакаш да си најдобриот! Веќе со години го игнорираше и запоставуваше фактов, но знаеш дека е време да ги изостриш менаџерските вештини. Има одредени вештини кои ќе направат да се разликуваш од милијарда други софтвер инженери, а овие се дел од нив. Се сеќаваш на најинспиративните приказни кои ги слушаше во школо? Според нив (а и според Liam Neeson) успехот се сведува на тоа да имаш збир вештини. Успешните луѓе поседуваат мултидимензионални техники за справување и решавање проблеми.
Не велам дека е лесно, туку баш напротив… Да бидеш успешен менаџер е претешко. Одмага тоа што не постои само еден пристап за секој проблем. Некои луѓе се чини како да се родени за брзо и лесно да изнаоѓаат решенија (иако само така изгледа, вообичаено не тоа случајот), а на некои пак им треба повеќе тренинг за да се усовршат.
Едно од нештата кои можеш да ги направиш е да ја прочиташ листата од совети и техники која е корисна кога станува збор за менаџирање на луѓе (нешто што човек посакува да го знаел уште пред да почне да работи).
Не заборавај да одржуваш правилна комуникација
Никогаш, ама баш никогаш, не смееш да забораваш темелно да им објаснуваш на луѓето што се очекува од нив и што сакаш да направат. Зборувај многу. Никој (веројатно) не може да ти ги чита мислите и секако не можеш да очекуваш ниту тие да го сторат тоа.
Понекогаш се случува да мислиме дека луѓето знаат што сакааме или што се обидуваме да кажеме без да се потрудиме да споделиме повеќе детали. Но токму ова води до заблуда во поголемиот дел од случаите, а што е уште полошо и до проблеми и комплицирани ситуации. Луѓето мора да знаат што им е работата за да ја извршуваат добро.
Екстра совет: Укажи им дека можат да ти се обратат за што и да било. Создади иновативна култура со тоа што ќе им дадеш до знаење дека е во ред да се прават грешки.
Ако некој не си ја врши работата, кажи му
Ова е веројатно најлошиот дел кога станува збор за менаџирање на луѓе. Да му се каже некому дека ужасно работи и згора на тоа дека може да добие отказ е нешто неверојатно болно за секого. Да се биде менаџер значи дека ќе мораш да се справуваш со вакви ситуации.
Па ако некој не работи како што треба – кажи му! Не можеш да се шеткаш наоколу полн сожалување за останатите и без храброст да им пријдеш и да им кажеш. Да одложуваш нешто никогаш нема да го реши нештото. Што е уште полошо – да имаш лош работник во тимот може само да ги демотивира останатите. Дади им можност и насока да работат подобро. Зборувај со нив (точка еден) за тоа што се очекува и зошто не работат како што треба.
Ако гледаш дека не функционира дури и откако ќе се обидеш, отпушти ги. Да, звучи одвратно, но да се биде добар менаџер значи дека треба да си способен да отпушташ луѓе кои имаат негативно влијание на твојот тим и компанија. Секако дека прво треба да им дадеш можност да се подобрат во работата.
Не сте пријатели. Соработници сте.
Секако дека можеш да бидеш пријателски настроен. Тоа и треба да бидеш! Но да се биде близок пријател со вработениот може да ги искомплицира работите и да направи да е тешко да се биде искрен и да се добива фер фидбек.
Секогаш треба да останеш професионален. Ова всушност треба да биде двострано. Ако ти си оној од другата страна на бирото, не мораш да си премногу близок со менаџерот, не мора да знае дека ти го скршиле срцето и како те оставил партнерот додека бараш покачување. Наместо тоа фокусирај се на работата и на тоа што придонесуваш за компанијата.
Биди човек, но и не премногу човечен истовремено
Никогаш не заборавај да се ставиш на местото на другиот. Прашај како е некоја личност само колку за да прашаш. Увери се дека ги искористиле нивните денови за одмор. Грижи се за благосостојбата на вработените и колегите. Погрижи се околу тоа да се среќни и задоволни. Никој не сака да си има работа со ладен шеф.
Внимавај сепак да не претераш. Како менаџер не треба да си дозволуваш да ги оправдуваш луѓето. Што не носи на третата точка – работите знаедно, но не сте пријатели.
И конечно – не заборавај дека никогаш нема да престанеш да учиш
Ќе правиш грешки и секако ќе учиш од нив. Учи од добрите менаџери, а учи и од лошите. Читај книги и најди ментор. Да се има ментор е секогаш одлична идеја.
Овој текст е објавен во категоријата Програмирање и ги содржи следните клучни зборови: Brainster. brainster kariera, kariera. kursevi, вработување, кариера, компанија, нова кариера, платформа, програмирање, работа, стартап, технологија, книги за дизајнери, книги за програмери. книги за бизнис. книги за маркетинг, knigi za dizajn, knigi za marketing, knigi za programiranje, knigi za biznis, kurs za microsoft excel, kurs za illustrator. kurs za photoshop. kurs za pr, kurs za onlajn marketing, obuka. akademija za programiranje, akademija za kodiranje. akademija za marketing, obuka za marketing. obuka za facebook, обука за маркетинг, академија за програмирање, обука за програмирање