Како да го дознаеш најважното инфо за посетителите на твојот сајт?

Овој текст е  напишан од Александра Ташкова, која беше дел од Академијата за маркетинг.

Google Analytics е ефикасна и бесплатна платформа преку која се следат и анализираат посетителите на твојата веб страна. Нивниот број може да варира од десет до десет илјади посетители секој месец, но сите тие посети се безвредни доколку не знаеш ништо за нив. Издвоивме неколку битни работи пред почетокот на курсот за Google Analytics.

 

Со обемната анализа и додатните алатки, Google Analytics може да ги направи тие посетители во потенцијални потрошувачи. Освен мониторинг и следење на посетителите, Google Analytics дава клучен увид за перформансот на твојата страна и што можеш да направиш за да ги постигнеш твоите цели. Можеш да измериш колку посетители имаш, од каде доаѓаат, колку време се задржуваат на страната, колкав bounce rate (посети без никаква активност на страницата)има, каде се наоѓа, итн.

Сообраќајот на твојата страна може да се мери и по активности преку социјални мрежи, мобилен телефон, може да ги идентификува трендовите и истите да ги интегрира во системот за да ти помогне да донесеш добро информирана и поткрепена одлука.

Постапката за користење на Google Analytics е следна:

• Sign in to Google Analytics with your Google account

• Click the Admin button on the bottom left sidebar of your dashboard

• Select an account or create an account

• Click on the drop-down menu to create a property

• Click on Website and add your site’s name and URL

• Choose your industry

• Choose your time zone

• Click on Get Tracking ID

• Install Tracking ID on your website

Што значат овие термини?

Account —местото каде што секој имот е сместен. Можеш да сместиш повеќе имоти на еден акаунт или да си направиш посебен акаунт за секој различен имот.

Property — имот или веб страната / апликацијата која што сакаш да ја следиш.

Tracking ID — единствен код додаден на твојата веб страна за да може Google Analytics да го следи.

Conversion —конверзии кои посетителот го претвораат во потрошувач или можен потрошувач.

Channel/Traffic source — покажува од каде доаѓаат сите посети , дали се реферал или преку линк од други веб страни, пребарувања, социјални мрежи или електронска пошта.

Session duration — колку долго се задржуваат посетителите на страната

 

Просечно време поминато на страната споредено со bounce rate

 

Bounce rate — процент на посетители кој заминале од страната кратко време одкако се отворила ( 5,6 секунди)

Event —настан или момент кога посетителот кликнал на реклама на страната, гледал или стопирал видео, симнал документ од страната и сл.

Landing page —првата страна што потрошувачот ја гледа кога ја отвара веб страницата.

Organic search — посетители кој ја кликнале страната преку линк од страната за пребарување.

Segment —начин да се филтрираат информациите, на пример преку категории и вид на посетители.

На курсот за Google Analytics потемелно ќе бидат опфатени сите потребни метрики, регистрирај се тука.

digitalen marketing skopje

Related Stories For You

Коинвестираме во твојата иднина

Аплицирај за твојот ваучер

10 Компании. 100 Студенти. 1000€ Ваучер.