5 почетнички грешки за Facebook рекламирање

Над две милијарди луѓе имаат свој Facebook профил во 2019 година. Доколку си и ти дел од 92% на дигитални маркетери кои користат Facebook, тогаш оваа кратка статија е за тебе.

Непривлечна слика

Првата работа што паѓа во очи кога скролаат луѓето е визуелниот дел, а не текстот. Бидејќи Facebook има одредени правила околу визуелниот дел, добро е да се придржуваш до нив.

Гледај да имаш слика која има минимално количество текст, која е релевантна за содржината на рекламата и која е со препорачаните димензии (во зависност од форматот на рекламата). Сликата со погрешни димензии може да изгледа чудно и ќе резултира со помалку кликови.

За различни потреби, би било добро да се приспособи дизајнот како и боите на сликата. Голем дел од компаниите имаат свој brand book каде што може да се најдат сите бои кои ги комуницира таа компанија.

Лошо таргетирање

Неколку дена откако е пуштена рекламата, забележуваш дека буџетот ти се троши брзо, а не знаеш која е причината. За да не ти клика погрешната таргет публика на рекламите, добро е да оптимизираш, односно да и додадеш дополнителни параметри на рекламата (слични интереси, пол, возраст итн.) за да допреш до своите потрошувачи.

Facebook нуди една алатка која се вика Audience Insights. Овде можеш да дознаеш одредени информации за твоите потрошувачи кои се активни на Facebook – колку често седат на Facebook, кои страни ги имаат лајкнато, што купувале во изминатиот период и слично. На Aкадемијата за дигитален маркетинг ќе научиш како да таргетираш за твојот бизнис/компанија.

На почеток е добро да се таргетира поголема публика доколку сакаме да дознаеме некои основни информации. Ако започнеме со многу специфична и мала публика, тогаш нема да добиеме релевантни податоци. Кога се работи со помала и поспецифична публика, тогаш ќе има повеќе кликови и конверзии затоа што рекламата ќе биде релевантна за таа публика, што значи дека ќе имаме и подобро ROI. (Return on Investment)

Не ја пренесуваш поентата

На крајот од денот, твоите платени реклами треба да ти остварат профит. За да го направиш тоа треба да го привлечеш вниманието на твојата целна публика и да предизвикаш нивна реакција. Затоа е важно CTA (Call to Action) копчето. 

Текстот под рекламата треба да продаде click-through, а не самиот продукт. Затоа, не користи долги описи и објаснувања.

Наместо тоа, привлечи внимание и создади доволно интрига за да сакаат луѓето да кликнат. Препорачливи се 14 зборови за текстот на рекламата и 18 зборови за описот над рекламата. Поентата е да биде кратко и јасно.

Не користиш Facebook Pixel

Pixel преку користење на код добива податоци за целната публика што може да ни помогне во понатамошното таргетирање. Pixel ни дава информации за навиките на потрошувачите и за тоа каков engagement имаат со нашиот бренд на Facebook. 

Еве зошто е добро да се користи Facebook Pixel:

  • Овозможува создавање на custom публики преку тракирање на посетителите на нашиот вебсајт. Ова ќе ни помогне во иднина да правиме ре-маркетинг.
  • Овозможува ефективно оптимизирање на нашите реклами за да добиеме повеќе лидови и продажби од кликовите.
  • Ги тракира конверзиите на нашиот вебсајт и ни дава информација колку конверзии доаѓаат од платениот traffic.

Пречесто рекламирање

Кога пречесто ја пушташ рекламата, можеш да предизвикаш негативна реакција кај целната публика. Луѓето доаѓаат на Facebook за релаксација, а не за да гледаат реклами. Доколку ја видат твојата реклама премногу пати, ќе те исклучат како опција, односно ќе почнеш да ја губиш твојата публика. 

Ако забележиш дека пречесто се прикажува твојата реклама, паузирај го прикажувањето за одреден период. 

Научи како да креираш добра реклама и како да ја лансираш пред вистинската публика на Aкадемијата за дигитален маркетинг

Trending Stories That Might Interest You