Ако некогаш ти стигнал мејл од „Александра од Brainster“ – сега можеш подобро да ја запознаеш! Наскоро започнува курсот за Email Marketing.

Со учесниците од Академијата за дигитален маркетинг работи на нивните вештини за Lead Generation + E-mail маркетинг меѓу другото, па еве што можеш да очекуваш и од нејзиниот нов курс за Email Marketing!

Програмата за курсот види ја тука.

Со падот на ричот на Facebook и Instagram, e-mail маркетингот е една од најефикасните маркетинг алатки. Aлександра, за кого е наменет овој курс?

Без разлика дали си маркетер, дизајнер, продавач, акаунт менаџер, сопственик на компанија или ентузијаст кој сака да подобро да комуницира во деловниот свет, овој курс е за тебе. Собирање адреси на потенцијални корисници без да се одржува комуникцијата со нив е нешто што сè уште се прави. Е-mail маркетингот сам по себе е многу моќна алатка, доколку се знаат правилата на игра. Го користат најуспешните компании, а комуникацијата со потрошувачите носи зголемена продажба, без разлика за каков тип на продукт, бизнис или организација станува збор.

Дигитални и интернет маркетери, луѓе кои работат во маркетинг сектор или сектор за продажба, CMO’s и маркетинг менаџери, маркетинг консултанти, сопственици на мали и средни бизниси, како и индивидуалци што сакаат да научат нови практични вештини.

Зошто Email Marketing? Какви резултати носи за бизнисите? 

Тоа што го прави e-mail маркетингот една од најинтересните маркетинг алатки за мене, се резултатите кои ги постигнува за Brainster. Процесот на стратешко планирање на насоката во која ќе одиме со кампањата и креативниот дел (дизајн и копирајтинг) се подеднакво интересни. Во моментов просечниот органски досег на e-mail пораките (на светско ниво) е поголем од 20%, додека на социјалните мрежи е 2%. Тоа значи дека со 0 буџет, нашата порака ќе стигне до повеќе луѓе преку e-mail.

Што треба да знаат идните e-mail маркетери и оние кои сакаат да го имплементираат овој канал во своите маркетинг стратегии?

The competitors can not outyou you. Твојот е-mail маркетинг треба да го отсликува духот на компанијата, и да ги носи вредностите зад кои стоите. Затоа, нема универзален рецепт за тоа како треба да изгледаат твоите кампањи. Публиката добива впечаток за компанијата преку твојата интегрирана маркетинг стратегија. А e-mail сандачето е најблиску до публиката што ти можеш да стигнеш. Затоа, земи го духот кој го носи твојата компанија, и оди еден чекор подалеку. Тука (во нивниот inbox) треба да комуницираш како да се познавате многу, многу добро. E-mail маркетингот е каналот преку кој можеш да направиш силна конекција со твоите потенцијални клиенти. Step outside the box!

Овој Call-to-Action стои на крајот од сите Newsletteri на Medium.com.

Како изгледа еден твојот час. Како вежбате?

Почнуваме со влегување во ист mindset: кај e-mail маркетингот less is more. Потоа работиме. Тргнуваме од почеток а стигнуваме до крај. На крај од курсот сите учесници ќе знаат да креираат newsletter-и и Landing страни, собираат лидови, интегрираат различни сервиси, и секако – автоматизација на процесите за поголема ефикасност. Одиме чекор по чекор, за на крај сите да имаат изработено минимум една Landing страна и неколку newsletter-и. По завршувањето, учесниците се самостојни e-mail маркетинг нинџи, со голем потенцијал од таму да станат ѕверски копирајтери или да го имплементираат наученото во својата компанија 🙂

курс за интернет маркетинг

На крајот од курсот идејата е секој од учесниците да има изработено минимум една Landing страна и неколку newsletter-и од почеток до крај. 

Како ти спремаш еден newsletter? Од каде почнуваш?

Прво се прашувам која е целта на мејлот. Што сакам да постигнам, т.е која е мојата порака? Вториот чекор е наслов – како ќе посакаат оние на кои им го праќам, да го отворат? Насловот треба да биде интересен, ама да не открива премногу. Потоа го дизајнирам мејлот и на крај носам одлука на која листа ќе го испратам, т.е која е публиката на која сакам да и се обратам. За ова ми треба пола саат 🙂 Еднаш напишав фин текст на темава.

Повеќе за курсот за Email Marketing и Lead Generation можеш да прочиташ тука. 

email marketing makedonija